Луѓето постојано ни велат да не ги земаме работите при срце, да останеме смирени и да продолжиме понатаму. Но, доколку сте неверојатно чувствителни, знаете дека ова е невозможно.rnrnСѐ си земате при срце бидејќи вашето срце е полно со љубов која го исполнува целото ваше тело. Колку сте ранливи ви пишува на чело и честопати се доведувате до ситуација да ги истурите вашите чувства на луѓе кои одвај ги познавате, само затоа што така ви дошло.rnrn
rnrnНо, многупати ги ставаме емоциите и слабоста во иста категорија. Апатијата како да е најновиот вид оклоп. Ќе ја добиете битката само ако никогаш не го извадите. Како би можела да преживее една чувствителна личност во свет каде што сите бегаат наместо да чувствуваат?rnrnМожеби сте се обиделе да ги потиснете тие чувства. Сте сакале да искажете некоја емоција, но сте се воздржале. Можеби дури и сте успеале да ги измамите луѓето дека сте рамнодушни со тоа што сте чекале 3 часа пред да им вратите на пораката, иако очајно сте посакувале да одговорите со цел есеј и неколку емотикони веднаш штом сте ја прочитале.rnrnТочно е тоа дека би можеле да живеете на овој начин, но зошто би го сакале тоа? Сите сме полни со емоции, но поголемиот дел од нив се потиснати затоа што луѓето се плашат да покажат дека се грижат. Ако забележите дека сте премногу чувствителни, немојте да се борите против тоа. Прифатете го.rnrnТоа што сте ранливи и отворени значи дека сте во допир со вашето големо срце, за разлика од луѓето кои глумат рамнодушност и нечувствителност. Тоа значи дека јасно ви е како се чувствувате и не се плашите да бидете искрени . Тоа значи дека го прифаќате фактот што емоциите се менуваат на секоја минута и што ниту едно чувство не трае засекогаш. Тоа е нешто што со гордост треба да го покажувате, а не да го криете.rnrnДа беа повеќе луѓе како вас, животот би бил подобро место за живеење. Луѓето би комуницирале подобро и врските не би се уништувале поради несигурноста која ги контролира чувствата на речиси секој поединец. Сите би покажувале повеќе емпатија и не би ги осудувале другите. Љубовта би била присутна насекаде.rnrnНареден пат кога некој ќе ве обвини дека сте премногу емотивни или „луди“, не се растажувајте. Треба да бидете среќни што сте оствариле толку голема поврзаност со вашето внатрешно „јас“. Нека вашето срце биде секогаш отворено и никогаш не го затворајте, ниту за момент.
Никогаш не се извинувајте поради тоа што сте чувствителни – храбро е да се има големо срце
