Според најновите истражувања спроведени на Универзитетот Орду во Турција, сексуалниот потенцијал на мажите зависи од нивната крвна група. Резултатите покажале дека кај мажите со крвни групи А, Б и АБ постојат 4 пати поголеми шанси да „потфрлат“ во креветот.rnrn
rnrnИстражувачите собрале 350 мажи во нивните 60-ти години и ги поделиле во две групи според тоа дали имале проблеми со добивањето и одржувањето ерекција. На секој од нив му земале крв за да ја проверат крвната група. Резултатите покажале дека еректилната дисфункција е најчест проблем кај мажите со крвни групи А, Б и АБ, додека, пак, оние со крвна група 0 го немале истиот проблем. Имено, 42% од мажите со крвна група А имале проблеми со еректилна дисфункција, а само 16% од оние со крвна група 0 се соочувале со истиот проблем.rnrnОстанатите истражувања покажале дека мажите со крвна група 0 се најдобрите љубовници на светот. Тие уживаат во сексот и можат да водат љубов со часови. Мажите со оваа крвна група се фантастични меѓу чаршавите, бидејќи кај нив постојат најмали шанси дека сексуалните партнерки ќе се разочараат од сексот.rnrnНа научниците не им е јасно како крвната група влијае на потенцијата. Освен тоа, околу 40% од мажите имаат некој вид еректилна дисфункција, а 30% од испитаниците признале дека земаат лекови за да го спречат тој проблем.rnrnДоколку сакате да ги подобрите вашите способности во спалната, дознајте ги навиките на мажите кои имаат здрав сексуален живот.
Истражувањата откриваат: Сексуалниот потенцијал на мажите зависи од нивната крвна група
