Дали некогаш сте слушнале за истражувањето на Харвард што трае веќе 75 години за да открие што нѐ прави среќни? Станува збор за револуционерно истражување во психологијата!rnrn
rnrnВо истражувањето учествувале 2 групи мажи чии животи биле следени повеќе од 75 години, а сега истражувачите ги следат и животите на нивните деца родени по Втората светска војна за да разберат како доживувањата во детството влијаат на здравјето и благосостојбата во средовечниот период од животот.rnrnПа, што нѐ одржува среќни и здрави во животот? Ако мислите дека се работи за слава и пари, не сте единствени, но според психијатарот Роберт Валдингер, тоа не е воопшто точно. Како автор на 75-годишното истражување, Валдингер има пристап до податоците што откриваат од каде потекнуваат вистинската среќа и задоволство.rnrnСигурно се прашувате кој е најголемиот фактор што влијае на среќата и благосостојбата.rn
„Најважната порака што ја добивме од ова 75-годишно истражување е тоа дека добрите врски нѐ прават посреќни и поздрави“, открива Валдингер.
rnСо други зборови, најголемиот фактор за среќа и исполнетост во животот е љубовта. Поточно, истражувањето покажало дека кога имате на кого да сметате, вашиот нервен систем се опушта, мозокот подобро функционира, а емоционалната болка се намалува.rnrnОсвен тоа, податоците од истражувањето потврдуваат дека кај луѓето кои се чувствуваат осамено постои поголема веројатност дека ќе имаат нарушено здравје и ќе починат помлади.rn
„Не се работи за бројот на пријатели или за тоа дали сте во сериозна врска. Најважен е квалитетот на тие блиски врски“, изјавил Валдингер.
rnНе е важно дали имате огромна група пријатели или дали сте во совршена љубовна врска. Најважниот фактор е квалитетот на тие врски, односно колку длабочина и искреност постои во нив, колку можете да се опуштите и да бидете свои.rnrnОва истражување е многу добар потсетник на тоа дека искрените односи со другите луѓе секогаш треба да ни бидат приоритет. Јасно е дека некогаш можеби ќе ги добиете сите пари што сте ги сакале, но ако немате остварено квалитетни врски, нема да бидете среќни.rnrnЗа да добиете повеќе информации во врска со ова истражување погледнете го ТЕД говорот на Роберт Валдингер кој ја открива тајната на среќата…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=8KkKuTCFvzIrnrnСреќата зависи од многу фактори, а квалитетните врски се само еден од нив. Ние ви откриваме уште една тајна на среќата.