КАФЕ ПАУЗА

Филм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)

Филм: Кингсмен: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)

Written by

in

,
Многу забавна шпионска акција

rnФилм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)Режија: Метју ВонrnrnУлоги: Колин Фирт, Тарон Еџертон, Семјуел Л. ЏексонrnrnВреметраење: 129 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 13 февруари 2015rnrnЖанр: акција, авантура, комедијаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка:[ratings]rnrnrnrnКингсман е британска тајна служба за која никој не знае дека постои. Тие се одлично обучени шпиони со боречки вештини и стил на облекување и однесување како Џејмс Бонд. Всушност, тоа личи на цела служба составена од клонови на Џејмс Бонд. Филмот започнува со неуспешна акција на Кингсман на Блискиот исток во која губат еден од своите луѓе. Откако агентот Хари Харт (Колин Фирт) ќе му го даде медалот на малото синче на загинатиот колега, дејството се сели 17 години подоцна кога службата губи уште еден свој член во Аргентина, каде што требало да спасат британски професор кој можеби има решение за климатските промени на земјата.rnrnФилм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)rnrnСлужбата се обидува да најде замена за последниот загинат и организира избор помеѓу неколку млади луѓе за кои однапред знаеле дека имаат одлични досиеја. Хари Харт, сакајќи да се искупи за губењето на колегата од пред 17 години, денеска ќе го покани неговиот перспективен син да се обиде да стане агент на тајната служба во која некогаш работел татко му.rnrnФилм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)rnrnМладиот Егзи (Тарон Еџертон) е проблематичен млад човек кој порано имал одлични оценки и бил уште подобар спортист, но одеднаш престанал со таквото однесување и се впуштил вo ситен криминал и други проблеми. Сега се труди да се приклучи на Кингсман и да се извлече од тој стил на живот и од сиромаштијата, а истовремено гледаме како ексцентричниот милијардер Валентајн почнува да интригира со своите сомнителни намери да ја спаси планетата од климатските промени кои се случуваат.rnrnФилм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)rnrnФилмот е навистина многу забавен. Не е нешто ново и невидено, затоа што во основата е шаблонот по кој се прават сите филмови за Џејмс Бонд, но овде се додадени поинтересни и поексцентрични ликови, сосема малку хумор и многу џентлментство и британски акцент во однесувањето на некои од главните ликови, така што сè на сè оваа шпионска акција делува многу освежувачки. Колин Фирт е импресивен во главната улога на Хари Харт, а и Семјуел Л. Џексон привлекува големо внимание толкувајќи го неверојатниот милијардер чија ексцентричност и харизма го освојува вниманието кога и да се појави.rnrnФилм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)rnrnДејството не останува само на тоа како некој олош прави некое зло, па добрите тајни служби го бркаат и го фаќаат. Ова е филм и за тоа како некое дете го губи таткото, и за некои млади луѓе кои се трудат да станат тајни агенти и за тајна служба која се труди да го фати лошиот. Сите тие сижеа лесно се прелеваат едно во друго и се така добро спакувани во само два часа, што акцијата никогаш не изостанува и филмот постојано е интересен.rnrnФилм: Кингсман: Тајната служба (Kingsman: The Secret Service)rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn