Ако за најлудата ноќ планирате да заминете надвор од земјата, немојте да се изненадите ако наидете на некоја од следните традиции.rnrn
rn
Данска
rnВо оваа земја, точно на полноќ луѓето скокаат од столици, со надеж дека ќе ги исплашат лошите духови и ќе им забранат влез во новата година. Покрај ова, традиција на овој скандинавски народ е и кршењето чинии од вратите на пријателите. Ако утрото не можете да излезете од дома, тоа значи дека имате навистина многу пријатели :).rnrn
rn
Јужна Америка
rnВо јужноамериканските држави, се верува дека ако новата година ја дочекате со црвени гаќички на вас, наредните 365 дена ќе имате среќа во љубовта. Оние пак, кои повеќе преферираат пари, треба да облечат жолта долна облека.rnrn
rn
Шпанија
rnШтом започне отчукувањето на часовниците со кои ги броиме последните секунди до новата година, жителите на оваа земја брзаат да изедат 12 зрна грозје. Ако тоа го сторат пред да завршат отчукувањата, се верува дека ќе ги следи среќа.rnrn
rn
Белорусија
rnТаму столбот на новогодишната традиција се немажените моми. Тие во текот на најлудата ноќ организираат игри на среќа и меѓусебни натпревари во различни вештини. Меѓу најинтересните е играта со пченка и петел. Пред себе ставаат зрна пченка и го чекаат петелот да почне да колва од нив. Веруваат дека прва ќе се омажи таа до купчето со првото изедено зрно.rnrn
rn
Филипини
rnКај филипинците сè е во форма на круг. Се надеваат дека годината ќе им биде бериќетна, ако носат облека со кружни форми и дезени и ако за време на новогодишната забава јадат топчести овошја, како на пример, грозје. Округлите работи ги симболизираат железните пари и значат просперитетна година.rnrn
rn
Еквадор
rnВо многу земји палењето фотографии значи лоша среќа. Но, во Еквадор верувањето е сосема спротивно. На новогодишната ноќ тие палат фотографии на кои има работи што не сакаат да им се случат или да им се повторат во годината што доаѓа.rnrn
rn
Порторико
rnТаму луѓето фрлаат вода од прозорците за да ја испратат старата година, а со неа и проблемите. Тогаш ги чистат и декорираат домовите, убедени дека со тоа ќе ги избркаат лошите духови.rnrn
rn
Австрија и Германија
rnВо овие две земји за новогодишниот дочек се истура стопено олово во голем сад со вода. Формите што ќе ги направи оловото, треба да одредат каква ќе ви биде годината. Ако се формира круг, ќе ве следи среќа, но ако се појави крст, тоа според нивните верувања, значи смрт.rnrn
rn
Чиле
rnЗа Чиле пак, може да се рече, дека гаи по малку морбидна новогодишната традиција. Таму масовно се посетуваат гробиштата, со цел новата година да ја дочекаат заедно со починатите лица од нивните семејства.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
