КАФЕ ПАУЗА

Дневен хороскоп за 29 октомври, 2021

Дневен хороскоп за 29 октомври, 2021

Дознајте што ќе ви донесе денешниот ден кога Месечината ќе помине низ знакот Лав. Според астролозите, денес е одличен ден за огнените знаци: Овен, Стрелец и Лав. Во продолжение следува астролошка прогноза за сите хороскопски знаци.rnrnДневен хороскоп за 29 октомври, 2021rn

Овен

rnМесечината во Лав ќе ја истакне вашата желба за игра и забава. Работите можат да бидат непредвидливи и затоа подгответе се за нешто неочекувано. Бидете спонтани и препуштете се на природниот тек на настаните, којзнае можеби и позитивно ќе се изненадите.rn

Бик

rnМесечината во Лав ќе влијае врз вашата состојба во домот и ќе предизвика некои работи да се одвиваат на начин на кој не сте очекувале. Тие можат длабоко да ве потресат, па затоа подгответе се да ги дочекате застанати цврсто на нозе.rn

Близнаци

rnДенес Месечината ќе влијае врз вашиот однос со другите, па кога најмалку очекувате можат да се појават озборувања за вас за кои не сте знаеле дека постојат. Ова е време да се изборите за својата чест. Оние што на тој начин сакаат да ве повредат, ќе сметат дека ја постигнале целта, но се лажат бидејќи вие сте многу посилни и похрабри отколку што мислат.rn

Рак

rnМесечината во знакот Лав ќе влијае врз вашите финансии и затоа астролозите ви препорачуваат денес да го одбегнете шопингот. Импулсното купување може да прерасне во проблем, особено доколку брзо му попуштите на пријателот кој работи во продажен сектор па се обидува да ви го „подметне“ најновиот производ. Не предавајте се на искушението.rn

Лав

rnДенешниот ден ќе влијае врз вашиот идентитет, така што на работа ќе се појави ситуација во која ќе бидете принудени да се преправате дека сте нешто што не сте. Внимавајте да не ја загризете мамката. Знаете и самите дека сте поинакви од другите и тоа за вас е сосема во ред. Без разлика на ситуацијата, останете докрај доследни на своите принципи без да се преправате, затоа што ќе се дознае подоцна, а тоа може да доведе до дополнителни проблеми.rn

Девица

rnМесечината во Лав ќе влијае врз тоа како ќе ви се наклонети ѕвездите во поглед на вашата карма и можеби ќе биде време да платите некои стари долгови. Сепак, и покрај тоа што универзумот ќе биде поблаго настроен кон вас, обидете се да покажете сочувство кон оние што пробале да ви наштетат, па сега се казнети.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn