КАФЕ ПАУЗА

Импресивна црква на Италијанскиот брег на боговите што крие голема тајна

Импресивна црква на Италијанскиот брег на боговите што крие голема тајна

Прекрасната градба што се издига над морето има прекрасно минато, но и покрај нереалната убавина, таа е скриена од туристите. Црквата „Света Марија“ се наоѓа на брегот на летното одморалиште Тропеа, во провинцијата Калабрија, на југот на Италија.rnrnИмпресивна црква на Италијанскиот брег на боговите што крие голема тајнаrnrnИмпресивната градба со волшебен поглед кон плажата има античко потекло бидејќи се верува дека е изградена помеѓу 6-тиот и 9-тиот век. Црквата била оштетена од страшниот земјотрес во 1905 година.rnrnДенешниот импресивен изглед се должи на многуте реновирања по природните земјотреси на кои е склона оваа област. Се издига над морето на голема карпа и е поврзана со копното со тесен насип, па патот до оваа црква е прооден.rnrnСкалите се врежани во камен уште од 1810 година. Посетителите кои ќе стигнат до врвот на црквата можат да уживаат во волшебниот поглед од каде што се гледа погледот на плажата и овој крајбрежен град.rnrnИмпресивна црква на Италијанскиот брег на боговите што крие голема тајнаrnrnКаменот на кој е изградено светилиштето се наоѓа на брегот на Тиренското Море, кое Италијанците го нарекуваат и Брегот на боговите. Импресивниот пејзаж се менува со текот на годините, а порано се стигнувало до ова место само со брод бидејќи насипот е изграден во поново време.rnrnИсто така, многу аџии го посетуваат манастирот за да го видат портретот на Богородица од 12 век. Тој се поврзува со едно пророштво од 1638 година, кога Богородица му се појавила на епископот во Калабрија, предупредувајќи го на земјотресот.rnrnПотоа, тој ја пренел пораката на жителите со цел да се избегне катастрофата што навистина се случила на 27 март истата година.rnrnПогледнете ги овие прекрасни пештери во кои влегувањето е забрането.