Ние навистина ретко се потпираме на среќа во нашиот секојдневен живот – најчесто самите одлучуваме каков ќе ни биде денот. Токму ова е тоа што писателот Стивен Ковеј го нарекува „Принципот 90/10“. Но за што точно станува збор?rnrn
rnrnРеалноста е дека ние можеме да контролираме само 10% од настаните во нашиот живот. Не можеме да спречиме одредена направа да се расипе или пак, авионскиот лет да биде одложен. Но можеме да ја контролираме нашата реакција на овие работи. Останатите 90% од настаните се резултат на нашите реакции – со неколку зборови, тоа што го правиме кога сме под стрес.rnrnЗамислете го следново сценарио. Имате семеен појадок. Вашата ќерка случајно ви го истура кафето на кошулата. Вие скокате и почнувате да врискате по неа, а потоа и по сопругата што ја ставила шолјата толку блиску до работ на масата. Вие брзате до спалната соба да се пресоблечете, но кога се враќате назад гледате дека вашата ќерка плаче и ниту го завршила појадокот, ниту пак се подготвила за на училиште.rnrn
rnrnКако резултат на тоа, таа доцни на училиште, исто како и вие и вашата сопруга доцните на работа. Тоа е и причината поради која возите невнимателно, па не само што ќе пристигнете подоцна туку сфаќате и дека сте заборавиле важни документи дома. Почетокот на вашиот ден бил ужасен, и продолжил со истото темпо и понатаму. Едноставно не можете да чекате да заврши. Кога се враќате дома, вие ги поздравувате и сопругата и ќерката. И двете се во лошо расположение, и има тензија помеѓу вас.rnrnА сега обидете се да одговорите на следново прашање: Зошто имавте лош ден?rnrnа) Бидејќи ќерка ви го истурила кафетоrnrnб) Бидејќи ќерка ви доцнела на училиштеrnrnв) Бидејќи имало застој во сообраќајот и вие доцневте на работаrnrnг) Бидејќи ја одбравте погрешната реакција на ситуацијатаrnrnТочниот одговор е под Г! Вие со вашата реакција го расипавте целиот ден, како за вас, така и за вашето семејство. Едноставно не можевте да направите ништо за кафето, но можевте да ги контролирате своите емоции.rnrnСо само една различна одлука, сè можеше да биде поразлично. На пример, кафето е истурено на вашата облека, а ќерка ви само што не почнала да плаче. Вие ѝ кажувате нежно: „Во ред е, само биди повнимателна следен пат.“ Одите во тоалет, се пресоблекувате, па се подготвувате за работа. Потоа се враќате во дневната соба и ја гледате ќерка ви како е облечена и подготвена за училиште.rnrn
rnrnСе поздравувате со вашата сопруга, ја бакнувате и на пат кон работа, ја оставате ќерка ви пред училиштето. Таа е на време. Вие тргнувате кон вашата канцеларија и стигнувате 5 минути порано, енергично поздравувајќи ги сите што ќе ги сретнете по пат. Имате одличен ден на работа, а кога се враќате дома, сопругата и ќерка ви ве пречекуваат со насмевка на своите лица.rnrnИ двете сценарија почнаа на истиот начин, но реакцијата го промени нивниот тек. Да, вие секогаш можете да ги обвинувате другите за неволјите во вашиот живот и да се жалите за сите оние нешта што тргнале наопаку, но зарем некогаш тоа ви помогнало?rnrnОтсега, па натаму не заборавајте го правилото 90/1о и едноставно грижите ќе ви ги снема. Без разлика дали сте заглавиле во сообраќај или пак, авионскиот лет ви бил одложен – не избувнувајте и не правите сцена. Иако вашиот распоред за денот е променет, потсетете се дека одеднаш сте добиле неочекувано слободно време и искористете го правилно. Во сè може да се најде позитивна страна, а ако го почитувате ова правило и самите брзо ќе го забележите тоа.
Што точно е принципот 90/10 и како тој влијае на целиот ваш живот?
