Се вели дека очите се прозорци на душата. Изгледа дека оваа поговорка сега станува научен факт. Едно истражување користело вештачка интелигенција, или длабока нервна мрежа за да го следи движењето на очите на студентите и само од тие податоци да го одреди нивниот карактер.rnrn
rnrnВештачката интелигенција била програмирана да ги идентификува „четирите големи“ лични карактеристики – совесност, согласност, екстровертност и невротичност. Технологијата сè уште не е усовршена, но начинот на којшто работи е наоѓање неколку врски помеѓу движењето на очите и личните карактеристики.rnrnСе верува дека љубопитните луѓе ги движат очите наоколу релативно често, додека невротичните трепкаат почесто. Луѓето со отворен ум настојуваат да гледаат во апстрактни слики или нешто што не може веднаш да се разбере, и тоа долг период. Интересно е што зениците на совесните луѓе се шират и се стеснуваат почесто од просекот.rnrnИстражувањето претставува заеднички проект помеѓу Универзитетот од Јужна Австралија и Универзитетот во Штутгарт. Учествувале 42 испитаници кои биле поставени пред сензор за следење на движењето на очите. Податоците што ги добивала машината биле разгледувани заедно со прашалници дизајнирани за одредување на карактерот. Вештачката интелигенција успешно одредувала дали некој бил совесен, согласен, екстровертен или невротичен.rnrnОва е прв пат да се користи движењето на очите за одредување на нечиј карактер. Тобајас Лоетшер, главниот истражувач од Универзитетот во Јужна Австралија, изјавил дека главната цел им била да ја подобрат интеракцијата помеѓу луѓето и машините.rn
„Луѓето секогаш бараат подобрени, персонализирани услуги. Сепак, денешните роботи и компјутери не се социјално свесни и не можат да се адаптираат на невербални сигнали. Ова истражување нуди можност да развиеме роботи и компјутери што ќе станат поприродни и подобри во толкување на човечките социјални знаци.“
rnДали знаете кои се најреалистичните закани од вештачката интелигенција?
