Запознајте ја Фростин Шејк, 30-годишна мејкап артистка и модел од Остин, Тексас. Фростин покрај тоа што има дипломирано на Универзитетот во Северен Тексас за моден дизајн, таа исто така е и балерина.rnrn
rn
„Започнав со класичен балет кога имав 6 или 7 години и продолжив додека не наполнив 16 или 17 години“, вели Фростин.
rnКога била тинејџерка, Фростин се откажала од балетот поради притисокот што го чувствувала да биде слаба.rnrn
rn
„Едноставно не можев да ги исполнам барањата на моите инструктори, а не ни сакав“, вели таа.
rnКога наполнила 18 години, Фростин ја открила бурлеската.rnrn
rn
„Почнав да истражувам различни видови танци кои ми даваа слобода да се изразам себеси на начин позитивен за моето тело. Бурлеската е спој на мојата љубов за танцот, уметноста, музиката и модата.“
rn
rnrnНо, кога почнала да настапува се фатила себеси како го внесува балетот во нејзините точки. Неколку од нејзините пријателки од детството со кои одела на балет сега биле инструктори по балет, па Фростин решила да ги посети.rnrn
rn
„Ми помогнаа да ги усовршам моите вештини и ми дозволија да го направам тоа со мое темпо. Ми се допаѓа структурата и дисциплината која е потребна за да се игра балет“, изјавува Фростин.
rn
rn
„Поголемиот дел од мојата поставеност на телото, движењата на рацете и гестовите ги земам од елеганцијата на балетот. Тоа прави да се чувствувам елегантно и силно.“
rnНејзиниот совет за младите балерини е следниов: Ако го сакате тоа, држете се до него, но во ред е и ако се сменат вашите интереси.rnrn
rn
„Ако вашата цел е да станете врвен танчар, немојте да се откажувате како мене. Но, истовремено не заборавајте да го ставите вашето достоинство и верувања на прво место“, препорачува таа.
rn
rn
„Танцот прави да се чувствувам жива и давам сè од себе да донесам правда во оваа уметничка форма, а тоа подразбира да си го сакам телото такво какво што е.“
rn
rnrnОваа инспиративна млада жена треба да послужи како пример за сите девојки во светот кои не се задоволни од својот изглед, не само оние што се занимаваат со танц. Никогаш немојте да помислите дека не можете да постигнете нешто само затоа што другите ви го велат тоа. Сакајте се себеси и никогаш не се откажувајте од вашите соништа. Вие сте доволно добри и силни за да остварите сè што ќе посакате. Запаметете дека вашиот успех не зависи од вашиот изглед, туку од вашата волја, труд и упорност.