Дали некогаш сте си помислиле како е да бидете затворени во ментална установа иако сте совршено здрави? Веројатно мислите дека ова е ирационален страв, зарем не? Едноставно ќе кажете дека сте „нормални“, дека немате сериозни проблеми со менталното здравје, и можете слободно да си одите.rnrn
rnrnНо изгледа дека постои нешто навистина чудно со менталните институции, бидејќи штом еднаш ќе влезете, не е толку едноставно да излезите.rnrnВо 1969-та година, психологот Дејвид Росенхан направил експеримент и го нарекол „Да се биде нормален на ненормални места“.rnrn
rnrnЦелата идеја зад овој уникатен експеримент била да се тестира колку е лесно да се влезе во ментална институција, а колку е тешко да се излезе. Дејвид собрал 8 луѓе – 3 жени и 5 мажи, и секој од нив бил примен во разна психијатриска установа. Помеѓу испитаниците имало психолози, педијатар, психијатар, сликар и домаќинка. Секој од нив изјавил дека слуша гласови кои повторувале три збора – празно, здодевно и удар.rnrnДоволен бил само овој симптом за испитаниците да бидат примени во установите. Дејвид изјавил дека му било страв дека брзо ќе бидат фатени, но овој страв бил далеку од реалноста.rnrn
rnrnШтом испитаниците стапнале во болниците, сите почнале да тврдат дека им исчезнале симптомите и се чувствувале подобро. Но ова не било доволно за да ги ослободат. Всушност, ниту еден од вработените не забележал дека овие луѓе можеби ги лажирале нивните проблеми со менталното здравје.rnrn
rnrnБиле потребни од 7 до 50 денови за сите испитаници да бидат ослободени од болниците, но никој од нив не бил обележан како здрав. Сите биле ослободени со дијагнози како манична депресија, па дури и шизофренија.rnrn
rnrnИако испитаниците се однесувале сосема нормално, нивните постапки, како на пример, пишување дневник, се сметале за вознемирувачки. Исто така со нив се однесувале лошо, иако тие биле добри кон негувателите. Понекогаш се соочувале и со малтретирање. Дејвид го употребил зборот „дехуманизирачко“ за да го опише целото искуство.rnrnОна што е можеби најинтересно е дека од 118-те вистински пациенти, 35 забележале нешто невообичаено кај испитаниците. Изјавиле дека сметале дека се новинари или професори кои спроведуваат експеримент.rnrn
rnrnЦелиот експеримент резултирал со едноставен заклучок – менталните институции почесто погрешно дијагностицираат здрава личност како болна, наместо болна како здрава. Дејвид запишал:rn
„Очигледно е дека не можеме да ги разликуваме лудите од нормалните во психијатриските болници.“
rnДали знаете кои се најчестите погрешни сфаќања за психотерапијата?