Една нова студија открила дека доколку размислувате за последниот пат кога сте вежбале, дури и ако не ви било толку интересно, вие ќе се мотивирате да почнете повторно.rnrn
rnrnВо ова истражување, кое доаѓа од Универзитетот во Њу Хемпшир, испитаниците биле поделени во 3 групи. Од едната група било побарано да се потсетат на позитивно сеќавање поврзано со вежбањето, од другата на негативно, додека пак третата група, која била контролна, не добила никакви инструкции.rnrnТие откриле дека оние кои се сетиле на позитивно нешто поврзано со вежбањето имале поголеми шанси повторно да почнат со овој вид физичка активност во иднина. За разлика од оние кои немале никакви инструкции, дури и оние кои се сетиле на нешто негативно во врска во вежбањето биле повеќе мотивирани да започнат повторно.rnrnСо оглед на тоа што оваа студија била скромна, резултатите кои се откриле се едноставно неверојатни. Замислете што сѐ би можеле да постигнете доколку вложите само малку повеќе психолошки труд.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.