КАФЕ ПАУЗА

Град на духови кој се претвора во популарна туристичка дестинација

Град на духови кој се претвора во популарна туристичка дестинација

Ал Хамра е дестинација која за која сè повеќе пројавуваат интерес љубителите на необични патувања и е една од најстарите населби во Оман. Се наоѓа во подножјето на планините и е стара околу 400 години, а била изградена од кал. Иако повеќето куќи се напуштени и распаднати, шетањето низ тесните улички навечер е посебно искуство.rnrnГрад на духови кој се претвора во популарна туристичка дестинацијаrnrnМоже да се каже дека навистина се храбри оние кои се осмелуваат да шетаат овде навечер. Штом сонцето ќе зајде, само мачките можат да го најдат својот пат во темнината бидејќи нема улични светла.rnrnЕдна од омилените активности на туристите е качувањето на покривите и уживањето во глетката или фотографирањето на прекрасниот пејзаж. Ако одлучите да патувате во Ал Хамра, можете да побарате сместување во Баит Алџабал каде можете да преспиете во типични куќи од кал.rnrnИако сместувањето е скромно – со душеци на подот, посетителите ја фалат услугата. Појадокот е вклучен во цената, а се вели дека е исклучително вкусен и добра можност за истражување на егзотичните кујни.rnrnАл Хамра е познат и како Хамра Ал Абриин, а името се однесува на племето Ал Абри, кое живеело таму. Блиското село Мисфат Ал Абријен се смета за едно од најубавите во земјата. Куќите на врвот на планината се наоѓаат на надморска височина од околу 1000 метри и се задолжителна станица за патниците кои уживаат во планинарењето во природа.rnrnОткако прочитавте за ова необично место, можеби ќе сакате да прочитате и за камениот град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со Петра.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr