9 научно докажани знаци дека вашиот брак ќе трае засекогаш

Сподели

Кога ќе се спомне брак, повеќето луѓе размислуваат за свадбата наместо за многуте и најчесто предизвикувачки години заеднички брачен живот. И покрај тоа што многу луѓе мислат дека нивниот брак е идеален, 40-50 % од браковите сè уште завршуваат со развод. Мора да сфатите дека добриот брак е нешто што паровите го градат заедно. Не можете едноставно да стапите во брак и да очекувате дека сè ќе функционира добро. Потребна е напорна работа, посветеност, љубов и заемна и почит за да се создаде врска што ќе трае цел живот.

Реклама

Според науката, овие 9 знаци покажуваат дека љубовта во вашиот брак е создадена за да трае вечно.rn

1. Имавте екстравагантна свадбена прослава

rnИстражувањата покажуваат дека паровите што имаат свадба со повеќе од 200 гости, имаат 12,5 пати помала веројатност да се разведат за разлика од паровите што имаат мала свадбена прослава.

Значи, ако имате голема свадбена прослава со многу гости, тоа би можело да биде знак дека вашиот брак ќе трае долго.rn

2. Двајцата сте финансиски стабилни

rnИстражувањата откриле дека брачните парови имаат 51 % помала веројатност да се разведат кога нивниот заеднички приход е многу висок.

Иако љубовта не се купува со пари, високите приходи ќе ви помогнат да избегнете многу финансиски расправии во иднина, а понекогаш тие расправии може да излезат од контрола и да завршат со развод.rn

3. Отворени сте еден со друг

rnОтворањето на срцето и откривањето на слабостите е многу тежок чекор, но тоа ви помага да научите повеќе еден за друг и подобро да се запознаете.

Ако вие и партнерот се чувствувате удобно додека разговарате отворено, тогаш тоа е уште еден знак дека вашиот брак може да трае многу долго.rn

4. Се фокусирате на доброто наместо на лошото

rnНегативното размислување за партнерот предизвикува да се фокусирате на неговите неуспеси и недостатоци, но не заборавајте дека никој не е совршен.

Кога размислувате за вашиот партнер на позитивен начин, го насочувате фокусот кон добрите особини на партнерот, а тоа ги прави работите многу полесни и поедноставни и придонесува за долготраен брак.rn

5. Бевте заедно долго време пред да стапите во брак

rnИстражувањата покажуваат дека паровите кои биле заедно најмалку три години пред да стапат во брак, имаат 39 % помалку шанси да се разведат.

Паровите кои поминуваат повеќе време заедно пред да стапат во брак имаат можност подобро да се запознаат и да направат некои заеднички планови за во иднина.rn

6. Бевте на меден месец

rnИстражувањата кажуваат дека паровите кои одат на меден месец веднаш по стапувањето во брак, имаат 41 % помала веројатност да се разведат.

Медениот месец му помага на партнерите да се ослободат од целиот стрес што се насобрал при планирањето на свадбата и тој претставува можност за партнерите повторно да се поврзат и да го започнат бракот со полни батерии.rn

7. Не ви е грижа за изгледот

rnДодека некои сметаат дека изгледот и парите се важни фактори кога бираат партнер, истражувањето покажува дека паровите кои повеќе се фокусираат на внатрешната убавина отколку на надворешниот изглед и на парите, имаат 50 % помала веројатност да се разведат.rn

8. Меѓусебно го разбирате љубовниот јазик

rnЗдружението за психолошка наука сугерира дека начинот на кој комуницираат паровите најчесто предвидува колку ќе бидат успешни врската или бракот.

Кога две личности се во врска подолго време, тие почнуваат да се приспособуваат на навиките на партерот, па дури и почнуваат да зборуваат на ист „јазик“. На овој начин, партнерите еден со друг го учат уникатниот љубовен јазик, а тоа придонесува за годините што ќе ги поминете заедно да ви бидат многу попријатно искуство.rn

9. Се расправате без навреди

rnРасправиите се неизоставен дел од секој брак, па порано или подоцна ќе се појават конфликти за кои ќе мора да пронајдете решение.

Кога расправијата во врската е праведна и двете страни се фокусираат на специфичниот конфликт наместо да врескаат и да се навредуваат меѓусебно, тоа е знак за здрав брак што ќе трае долго.

Погледнете кои 6 знаци откриваат дека тој е вистинскиот за вас.

Најново

Може ќе ве интересира