Според квалитетот на животот, австралискиот град Мелбурн е шеста година по ред прогласен за најдобар град за живот во светот, додека, пак, на второто место се наоѓа Виена. Ова се податоците добиени по извршените анализи од страна на „Economist Intelligence Unit“ (ЕИУ) од Лондон.
МелбурнПонатаму следуваат Ванкувер, Торонто, Калгари, Аделејд, Перт, Оукланд и Хелсинки, а најдобрите десет завршуваат со градот Хамбург како последен на листата.
ЕИУ го рангира квалитетот на животот во 140 градови според 30 критериуми како што се безбедност, здравствена заштита, образование, инфраструктура, култура и животна средина. ЕИУ потенцира дека животот е најудобен во градови со средна големина во богати земји со релативно мала густина на населеност.
Хамбургrn
„На тој начин тие можат да уживаат во многубројни рекреативни активности без да се плашат од зголемување на криминалната стапка или преоптовареност на инфраструктурата“, пишува во извештајот.
rnНа дното на листата се наоѓаат Дамаск, Триполи и Лагос. Единствениот европски град кој спаѓа во најлошите десет е Киев.
Киев
