Ладно ви е? Не грижете се. Погледнете ги следниве романтични состаноци кои гарантирано ќе ве загреат за време на оваа зима. Сезоната на ниските температури и снежни денови веќе започна, па зошто да не би се стоплиле така што ќе се инспирирате од следниве неколку идеи за зимски љубовни состаноци?rnrn
rn
1. Лизгање
rnМожеби ви делува како клише, но зарем има нешто подобро од лизгање по кое следува пиење топло чоколадо или греено вино? Доколку сте доволно среќни да бидете некаде надвор од градот, можеби дури би имале можност и да лизгате на замрзнато езеро и да имате пикник на снег.rn
2. Прошетка низ село
rnМожеби ви делува како лоша идеја да посетите село за време на зимата, но не постои ништо подобро од зацрвенувањето на вашите образи од студениот и чист селски воздух. Вие исто така би можеле да вечерате покрај камин или да посетите удобен мал ресторан или паб за автентично искуство.rn
3. Љубовен состанок покрај свеќи
rnПостои нешто магично во прегратките на светлина од свеќи. Или пак, уште подобро, од камин. Откако ќе ги изгаснете сите останати светла, можете да се наместите удобно во дебело ќебе или пак, да играте некоја игра. Единственото правило е да не се користи струјата. Што се однесува до пијалаците, топол чај, топло чоколадо или греено вино се најдобар избор за оваа атмосфера.rn
4. Божиќни десерти
rnСо оглед на тоа што ни се приближуваат празниците, зошто да не се договорите за ден во кој би ги подготвиле заедно сите новогодишни или божиќни десерти? Направете колачиња или торта и бидете креативни во тоа што ќе решите да го подготвите. Инспирирајте се од тематски божиќни рецепти кои можат да се најдат лесно на Интернет и изненадете ги вашите најблиски.rn
5. Состанок во кој ќе направите нешто добро
rnЗошто да не одлучите заедно да му дадете подарок на светот така што ќе волонтирате за локална добротворна организација која организира новогодишен или божиќен настан за оние кои се помалку среќни?rn
6. Направете сами
rnДоколку сакате рачни изработки, тогаш вие можете заедно да направите празнични честитки или декорации за домот и елката. Постојат премногу идеи на Пинтерест кои можат да ви помогнат во оваа цел.rn
7. Декорирајте го домот заедно
rnЗошто да не му дозволите на вашиот партнер да ви помогне при декорирањето на вашиот дом? Вие можете да го комбинирате овој состанок со оној кога ќе подготвувате десерти за празниците со цел да го поминете целиот ден заедно.rn
8. Насочете се кон планините
rnВие едноставно немате изговор да не посетите некоја блиска планинска романтична локација на неколку денови и да избегате малку од гужвата во вашиот град. Не мора дури ни да плаќате многу за изнајмување скии или други зимски активности, доволно е само да прошетате на свежиот планински воздух и да ги наполните белите дробови со здравје.