КАФЕ ПАУЗА

Важни прашања кои треба да си ги поставите пред да дадете отказ од работното место

Written by

in

,

Наоѓањето рамнотежа помеѓу висока плата и среќа на работното место може да биде навистина тешко. Повеќето луѓе ги поминуваат нивните животи во бескрајна потрага по таа златна средина во кариерата. Но, кога работите не одат по план, многу луѓе размислуваат за отказ и барање нешто подобро. Пред да ја донесете конечната одлука морате да размислите за сите можни последици од неа. Овие 16 прашања ќе ви помогнат да одлучите дали треба да дадете отказ на работното место.rnrn(1)vazhni-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pred-da-dadete-otkaz-od-rabotnoto-mesto-kafepauza.mkrn

1. Како ќе разговарам за ова со партнерот?

rnДавањето отказ може да биде чувствителна тема за разговор со партнерот. Тој или ќе ве поддржи или ќе биде против вашата одлука. Разговарајте пред да се одлучите и обидете се да дојдете до разбирање. Најдобро е да разговарате кога ќе имате сигурни планови за во иднина.rn

2. Дали моето семејство може да опстане со само една плата?

rnПовеќето семејства зависат од две плати. Можеби вашата е поголема, па затоа размислете како ќе влијае отказот на семејството. Луѓето кои се сингл не мора да земаат предвид други членови од семејството кои зависат од нив, но важно е да имаат некаков приход додека не најдат ново работно место. Немојте да давате отказ ако не можете да си го дозволите тоа.rn

3. Што сакам кај сегашната работа?

rnДали има барем едно нешто кое го сакате кај работата која ја имате сега? Бидете целосно искрени кога го одговарате ова прашање. Направете листа на предности и недостатоци за полесно да ја видите големата слика.rn

4. Што не сакам кај сегашната работа?

rnМногу луѓе го прескокнуваат овој чекор, па наоѓаат нова работа која повторно не ја сакаат. Ако немате јасно дефиниран долгорочен план, само ќе лутате од една позиција на друга.rnrn(2)vazhni-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pred-da-dadete-otkaz-od-rabotnoto-mesto-kafepauza.mkrn

5. Дали се обидов да расчистам со ситуациите кои ми го замаглуваат расудувањето?

rnДа речеме дека имате многу добра причина за отказ. Пред да го дадете отказот, размислете дали сте направиле сè што е во ваша моќ за да го решите проблемот. Немојте да избрзувате со одлуката пред да се обидете да ја средите ситуацијата.rn

6. Кој е мојот план за во иднина?

rnИако изгледа очигледно, многумина забораваат да направат план за иднината. Можеби имате добар бизнис план и неколку контакти за да го работите она што го сакате. Ако сте доволно среќни, можеби веќе чекаат да ве вработат на друго место. Како и да е, важно е да знаете што понатаму.rn

7. Дали би прифатил/а какви било понуди за да останам?

rnСред паника, многу шефови може да ви понудат подобра плата или унапредување со цел да ве задржат. Овие работи може да имаат влијание на вашата одлука. Добро размислете дали би ги прифатиле понудите пред да му соопштите на шефот за вашата одлука.rn

8. Како ќе му го објасните отказот на шефот?

rnГолема е веројатноста вашиот шеф да ве праша зошто давате отказ. Во ред е да му кажете, само останете позитивни. Дајте кратко објаснување и бидете благодарни. Однапред испланирајте го овој разговор за да не настане паника.rnrn(3)vazhni-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pred-da-dadete-otkaz-od-rabotnoto-mesto-kafepauza.mkrn

9. На кој од семејството ќе му соопштам прв?

rnМајка ви ќе се грижи, татко ви ќе ви каже дека сте направиле грешка, а партнерот (веројатно) веќе знае за оваа одлука. Најдобро е да не кажувате ништо додека одлуката не е официјална. Не сакате семејното озборување да има влијание на вашиот професионален живот.rn

10. Како да ги избегнам гласините во канцеларијата?

rnМожно е вашите љубопитни колеги да се интересираат за деталите кога ќе ги добијат новостите. Како и со вашиот шеф, и за колегите подгответе некое кратко и позитивно објаснување кое ќе ги спречи гласините. Исто така добро е да останете во контакт со некои колеги дури и откако ќе дадете отказ.rn

11. Кој ќе ми даде најдобра препорака?

rnСигурно веќе сте свесни дека препораките се многу важни. Внимателно одлучете кој ќе зборува за вас. Кога ќе се вработите на новото место, вашиот шеф сигурно ќе добие повик од новата фирма, па немојте да ги влошите односите со него пред заминувањето.rn

12. Како навистина ќе го дадам отказот?

rnБез разлика какви луѓе се колегите и шефот, секогаш поднесете оставка со достоинство. Нема потреба од драматизирање, однесувајте се професионално. Добро ќе биде да оставите и писмо во кое им се заблагодарувате на колегите и шефот.rnrn(4)vazhni-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pred-da-dadete-otkaz-od-rabotnoto-mesto-kafepauza.mkrn

13. Како да ја олеснам промената за тимот?

rnМожеби веќе сте возбудени за промената, но потрудете се да ги завршите сите работни обврски пред да си заминете. Без разлика дали треба да префрлате документи, да тренирате некого и слично, кога ќе го направите ова зад вас ќе оставите добра репутација.rn

14. Постојат ли некакви обврзувања од договорот?

rnИмајте ги на ум сите детали во вашиот договор за вработување. Пред вербално да се посветите на нешто, размислете дали вашите идни планови ќе бидат под влијание на сегашниот договор. Подгответе се за некои потенцијални пречки за да ја направите промената полесна.rn

15. Како ќе влијае отказот на времето кое ми преостанува овде?

rnКога вашите колеги ќе сфатат дека си заминувате, вашите односи може да се променат. Вашиот шеф може да биде изненаден и разочаран, а колегите може да бидат од љубоморни до среќни. Пред навистина да дадете отказ, размислете како ќе се справите со сите можни сценарија.rn

16. Кои информации ќе треба да ги земам со мене?

rnПред да почнете да сонувате за одморот помеѓу двете работни места, земете ги сите лични документи кои се нашле во вашиот компјутер за на работа. Исто така префрлете ги и вашите пари.rnrnПогледнете ги и овие работи кои треба да ги знаете пред да дадете отказ.