КАФЕ ПАУЗА

Дознајте каде живеат најсреќните луѓе во светот

Дознајте каде живеат најсреќните луѓе во светот

Неверојатен пејзаж, бесплатно образование, позитивен и добродушен народ… Звучи како бајка, се согласувате? Верувале или не станува збор за вистински живот. Погледнете кои се 10-те најсреќни земји во светот кои сигурни сме дека веднаш би сакале да ги посетите…rn

1. Шведска

rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnНародот во Шведска постојано покажува дека е многу задоволен од животот. Нивната тајна лежи во шведската традиција позната како „фика“, збор кој се користи за да се опише нивната навика да прават паузи од работа за да пијат кафе и да разговараат за најновите вести со пријателите. Овие кратки одмори траат само 15 минути, но се случуваат на секои два часа. Кога ќе се земе предвид оваа навика, не е големо изненадување фактот што луѓето во Шведска се едни од најголемите консументи на кафе во светот.rn

2. Австралија

rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnАвстралија има ниско ниво на загаденост, високо ниво на граѓанска вклученост и сложни заедници. Луѓето велат дека причината за ова е нивната љубов кон скарите. Жителите секогаш организираат настани во локалните паркови за да поминат време заедно и да се социјализираат со нивните пријатели. Но, ако немате пријатели од Австралија секогаш можете да отидете на некоја од организираните тури кои ви даваат можност да посетите голем број пивници и да пробате традиционални австралиски јадења со месо.rn

3. Нов Зеланд

rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnКако да не бидете среќни кога сте опкружени со сини планини, неверојатна дива природа и уште илјадници такви глетки кои го одземаат здивот? Ниското ниво на загаденост и разновидноста на дивиот свет се причината за тоа народот во Нов Зеланд да се вброи во еден од најсреќните и најздравите во светот.rn

4. Холандија

rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnЖителите на Холандија се издвојуваат со нивната голема физичка активност и љубов кон возењето велосипеди. Тие со право се горди на системот на безбедни велосипедски патеки што го имаат создадено, кој се протега во должина од 30.000 километри. Доколку некогаш имате можност да отидете во Амстердам, не заборавајте да изнајмите велосипед и водич.rn

5. Канада

rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnЕдна од најголемите земји во светот, Канада е вистински рај за сите туристи и љубители на патувањето. Граѓаните на оваа прекрасна земја можат да се гордеат со мноштвото национални паркови кои изобилуваат со стрмни планини и широки рамнини. Доволно е само да ги погледнете овие неверојатни пејзажи за да разберете зошто Канаѓаните се толку среќни.rn

6. Финска

rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnСите ваши грижи и проблеми веднаш ќе испарат кога ќе влезете во традиционална финска сауна. И покрај малата популација од само 5,2 милиони луѓе, Финска има 3,3 милиони сауни кои можат да се најдат речиси секаде, од бреговите на езерата до канцелариите во зградите.rn

7. Норвешка

rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnНорвежаните се горди на нивното фасцинантно природно опкружување и кон него се однесуваат со најголема одговорност и почит. Се верува дека качувањето на една од највисоките планини во земјата, позната како Скала, може да го ослободи човекот од сите негови грижи и проблеми. Во буквално секој агол од оваа неверојатна земја можете да поставите шатор и да уживате во неверојатната убавина на светот околу вас.rn

8. Исланд

rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnВулкани, диви плажи, жешки извори и неспоредлив пејзаж – сите овие работи ги прават луѓето од Исланд едни од најсреќните на планетата Земја. Навистина, зар е можно да не почувствувате радост додека лежите во топлите сини води и гледате во прекрасната природа?rn

9. Швајцарија

rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnЗемја со толку многу видови чоколадо што по дефиниција не е возможно да се биде несреќен. Но, луѓето во Швајцарија исто така се големи љубители на здравиот живот. Многу од нив обожаваат скијање, кајакарење и параглајдерство. Со оглед на тоа, не е никакво изненадување тоа што во земјата има најниско ниво на дебелина во светот.rn

10. Данска

rnДознајте каде живеат најсреќните луѓе во светотrnrnСе верува дека Данска е најсреќната земја во светот. И тоа не е само поради фактот што луѓето уживаат целосно бесплатно здравство и образование. Народот е исто така горд на неговото чувство за заедништво. Станува збор за луѓе кои во секој момент ќе ве поканат на чај, дури и да не ве познаваат.