Вашата задача како родител е да ги заштитите вашите деца од разни повреди и трауми, но прекумерната заштита може да има спротивен ефект и може да направи само повеќе штета. Авторот на книгата „Како да пораснете возрасен“, Џули Литкот-Хајмс, тврди дека допуштањето на децата да доживеат неуспех е клучно во осамостојувањето и во подготвеноста да се справат со разочарувањата што се неизбежни во животот. Таа направила список на лоши настани што треба да дозволите да се случат, а тие ќе му помогнат на вашето дете да стане поотпорно и поцврсто.rnrn
rnrn1. Да не е покането на роденденска забаваrnrn2. Смрт на домашно миленичеrnrn3. Кршење вредна вазнаrnrn4. Да гледа како овенуваат растенијата што ги насадилоrnrn5. Да не може да оди на претстава или во кино затоа што сите билети се продадениrnrn6. Да биде казнетоrnrn7. Да не го гледа омилениот цртан филм затоа што ѝ помага на бабатаrnrn8. Паѓање, повредени коленаrnrn9. Да биде обвинето за нешто што не го направилоrnrn10. Откажан настан затоа што некој друг се однесувал лошоrnrn11. Да биде удрено од друго детеrnrn12. Одземете му нешто што сакаrnrn13. Да жали за нешто што не може да се врати или да се поправиrnrn14. Другарите не го викнале да си играатrnrn15. Да биде избрано последно во тимот или во групатаrnrnОна што вие како родители можете да го направите е да го утешите и да го охрабрите детето да размислува за следните чекори. Иако родителите имаат нагон да ги заштитат своите деца, дозволете им да сфатат дека можат да се справат со непријатноста, да пронајдат решение и да продолжат понатаму.rnrnПрочитајте кои 6 способности децата ќе ги развијат подобро надвор од училницата.
15 лоши работи што се добри за вашето дете
