КАФЕ ПАУЗА

Како да ги читате нутриционистичките факти на амбалажата од производите?

Како да ги читате нутриционистичките факти на амбалажата од производите?

Иако најдобар начин да се контролира внесувањето храна во организмот е читањето на нутриционистичките факти напишани на амбалажата од производот, сепак ретко кој го прави тоа. Покрај фактот колку калории внесувате преку некој производ, можете да дознаете дали во него има и некои штетни додатоци, шеќер и слично.Како да ги читате нутриционистичките факти на амбалажата од производите?rn

Заситени масти (Saturated Fats)

rnВаквите масти можат да се најдат во сите животински производи како млекото, црвеното месо, во сирењето и кашкавалот, како и во путерот и во сладоледот. Овие масти се проблематични бидејќи го зголемуваат лошиот холестерол. Затоа треба да внимавате да внесувате помалку од овие масти.rn
rn

Транс масти (Trans Fats)

rnОвие релативно нови непријатели на здравјето се наоѓаат во повеќето готови пекарски производи. Тие се уште понездрави од заситените масти, бидејќи покрај покачувањето на лошиот холестерол, го подигаат нивото и на триглицеридите и ги прават тромбоцитите полепливи, па се создава ризик од затнување на крвните садови.rnrnДоколку внесувате голем број транс масти во организмот, вие го зголемувате ризикот и од срцеви заболувања. Треба да бидете внимателни, бидејќи производителите понекогаш избегнуваат директно да ги именуваат транс мастите.  Во нив спаѓаат и „делумно хидрогенизираните билни масла“. Избегнувајте храна која содржи повеќе од 10% заситени масти или повеќе од 1 грам транс масти за да го избегнете ризикот од срцеви болести.rnКако да ги читате нутриционистичките факти на амбалажата од производите?rn

Фруктуозен скробен сируп

rnОвој преработен засладувач се наоѓа во соковите, колачите, па дури и во готовите преливи за тестенини. Се смета за еден од главните виновници за дебелеењето во светот и за епидемијата на дијабетес, затоа што, како и другите шеќери, драматично го покачува нивото на шеќер во крвта, а не заситува. Најдобро би било да го ограничите внесувањето на ваква храна до минимум.rn
rn

Хемикалии

rnНекои странски имиња на состојките како калиум метабисулфит (potassium metabisulphite) или калциум хлорид (calcium chloride) може да заменуваат околу една петина од сите состојки на некои намирници.rnrnИако не се присутни во големи количини, тие најчесто се конзерванси и можат да имаат негативен ефект врз здравјето на луѓето. Некои луѓе кои се осетливи на сулфиди можат да имаат дури и алергиски реакции.rn
rn

Натриум

rnНатриумот или солта е многу важна хранлива материја, но треба да се внимава да не се внесува повеќе од дневно потребното количество. Натриумот не влијае на нивото на гликоза во крвта, но просечна возрасна личност би требало да внесува помалку од 2.400 милиграма натриум дневно.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.