Голем број девојки сонуваат за романтично запросување како од филмовите. И се надеваме дека секоја од вас ќе го добие или веќе го добила, бидејќи го заслужувате, но она што следува по овој голем настан кај некои жени се претвора од бајка во малтретирање на следбениците на социјалните мрежи. Погледнете дел од најголемите грешки на социјалните мрежи кои не само што не го пренесуваат запросувањето во вистинското светло, туку и ги нервираат сите оние што редовно ве следат…rnrn
rn
1. Премногу слики од прстенот
rnДоволна е само една убава фотографија на која се гледа прстенот за вашите пријатели да сфатат дека има убава промена во вашиот живот.rn
2. Видео од вашиот прстен
rnПо примерот на светските ѕвезди, голем број девојки кои го кажале судбоносното „Да“, често знаат да снимат видео на кое главната ѕвезда е нивниот прстен што тие го мрдаат лево-десно заедно со раката за тој да сјае… Ова се случува барем 2, 3 минути… Сфаќаме дека сте среќни, но на овој начин не ја пренесувате вашата среќа, туку ги нервирате вашите следбеници.rn
3. Премногу хаштагови
rnСекако дека ќе го споделите овој настан со вашите пријатели на социјалните мрежи, но не претерувајте ниту со хаштаговите. Изберете еден или два кои целосно го доловуваат вашето расположение и задржете се на нив.rnrn
rn
4. Детали за венчавката
rnИако вашите гости навистина се интересираат за овие детали, социјалните мрежи не се платформа за такви податоци. За тоа служат поканите.rn
5. Идна госпоѓа
rnВие наскоро ќе се омажите, па промената на името и презимето пред тој настан навистина не е потребна, освен ако баш сакате да ги збуните и изнервирате луѓето околу себе.rnrnКако надоврзување на ова, погледнете ги и овие урнебесни „веренички фотки“ кои ни покажуваат колку глупаво изгледаат овие објави на Фејсбук.