Иако астрологијата во никој случај не претставува наука, таа наоѓа значење на движењето на ѕвездите и планетите во нашиот Сончев систем. Никој не може да докаже дека небесните тела имаат влијание на нашиот живот, но необјаснивата прецизност на астрологијата ќе ве натера да се замислите. Уште многу одамна луѓето го толкувале универзумот. Всушност, воопшто не сме престанале со ова и го правиме и денес. Според астрологијата, секој од нас има одредени предности и слабости во зависност од денот во кој сме родени. Владејачката планета на секој знак на некој начин е изворот на нашата моќ.rnrn
rnrnЗначењето на секоја планета се менувало со текот на времето. Корењата на овие значења потекнуваат од вавилонската, римската и грчката митологија. Она што денес ни е познато како астрологија е модернизирање на овие митови. Па, погледнете која е владејачката планета на вашиот хороскопски знак и што тоа значи.rn
Овен: Марс
rnМарс владее со желбите, агресијата, страста, гневот и нашите примитивни инстинкти. Во римската митологија Марс е богот на војната. Како хороскопски знак, Овенот ги има овие карактеристики.rn
Бик: Венера
rnОваа планета владее со убавината, луксузот, парите и романсата. Во римската митологија Венера е божица на љубовта.rn
Близнаци: Меркур
rnПаметните Близнаци се владеени од Меркур. Во римската митологија Меркур е курирот на боговите. Оваа планета владее со изразувањето, комуникацијата, поврзаноста и интелектот.rn
Рак: Месечина
rnВо астрологијата, месечината владее со емоциите, ирационалните одговори, расположението и начинот на кој ги процесирате чувствата. Во римската митологија месечината е женскиот „партнер“ на сонцето.rn
Лав: Сонце
rnХрабриот Лав е владеен од сонцето. Во римската митологија сонцето е богот Сол. Тоа владее со вашиот карактер, вашата волја за живот, вашиот идентитет и вашето его.rn
Девица: Меркур
rnМеркур владее и со Девиците. Ова е планета на анализирањето, рационалноста, технологијата, комуникацијата и конекцијата.rn
Вага: Венера
rnВенера владее и со припадниците на знакот Вага. Таа владее со естетиката, хармонијата, харизмата, стилот и богатството.rn
Скорпија: Плутон и Марс
rnМистериозните Скорпии се владеени од две планети. Во римската митологија Плутон е богот на подземјето, додека Марс е богот на војната. Плутон владее со тајните, потсвесното, трансформацијата, смртта и раѓањето, а Марс владее со агресијата, виталноста, желбата и телесните инстинкти.rn
Стрелец: Јупитер
rnОвие филозофи се владеени од Јупитер. Во грчката митологија, Јупитер е ист со Зевс. Јупитер владее со знаењето, проширувањето, созревањето и оптимизмот.rn
Јарец: Сатурн
rnВредните Јарци се владеени од Сатурн. Во грчката митологија Сатурн е ист со Крон. Во астрологијата, Сатурн владее со дисциплината, ограничувањата, одговорноста и посветеноста.rn
Водолија: Уран и Сатурн
rnИ Водолиите се владеени од две планети. Во астрологијата, Уран владее со промената, револуцијата и индивидуализмот. Во римската митологија, Уран е богот на небото. Сатурн од друга страна владее со предизвиците, времето, мудроста, правилата и планирањето.rn
Риби: Нептун и Јупитер
rnСе разбира дека и Рибите се владеени од две планети. Нептун владее со соништата, креативноста, фантазијата и заблудата. Во римската митологија тој е богот на морето. Јупитер владее со преземањето ризици, љубопитноста и проширувањето на умот.rnrnПогледнете и кои се најголемите заблуди за хороскопот.
