rnrnПред сѐ, Стефанија рекламира долна облека што уште повеќе ја нагласува убавината на нејзината телесна фигура. Таа има објавено многу искрени фотографии на Инстаграм означени со хаштагот #DropThePlus. Овој хаштаг го користат сите активисти кои се борат за тоа луѓето да почнат да ги прифаќаат сите различни телесни фигури и големини и да не го поврзуваат поимот „прекумерна тежина“ со оние кои немаат манекенска става.rnrn
rn
„Јас сум модел. За жал, во модната индустрија веднаш ви велат дека имате прекумерна тежина, ако сте малку покрупни од просечните манекенки. Сметам дека ова може да има негативно влијание на успехот на еден модел“, објаснува Стефанија.
rn
rnrnМора да се согласиме со неа, бидејќи Стефанија изгледа навистина неверојатно.rnrn
rnrnДа се надеваме дека девојките како Стефанија ќе ја исфрлат од мода нездравата опсесија со тоа да се биде што е можно послаб. Тоа ќе им даде шанса на многу прекрасни жени да го постигнат успехот што го заслужуваат и да ги остварат нивните соништа.rnrn
rnrnСекој има право на свое мислење во однос на ова прашање и секако дека постојат многу луѓе кои поинаку гледаат на идејата поврзана со моделите со прекумерна тежина. Некои ја одобруваат, други, пак, не ја прифаќаат. Што мислите вие?rnrn
rnrnПрочитајте ја и инспиративната приказна на Оливија Кемпбел, уште една девојка која ја опишуваат како модел со прекумерна тежина.