Британскиот модел со „плус големина“, Оливија Кемпбел, која истовремено е и самохрана мајка, се ослободи од својот емотивен товар и се соблече по долна облека за време на интервју за проектот „Што лежи под површината“ – документарец во кој жените се соголуваат емотивно и физички пред камера.rnrn
rn
„Според мене, нема ништо лошо во тоа да се биде подебел“, вели Кемпбел во нејзиното разголено интервју кое на моменти е исполнето со солзи. „Јас сум дебела. Јас навистина сум дебела“, вели Оливија додека ги покажува своите бутови и го соблекува палтото како да сака да докаже нешто. „Тоа е само една обична описна придавка.“
rnНо, Кемпбел не се чувствувала отсекогаш толку удобно во своја кожа.rn
„Со години тоа беше најлошото нешто што некој можеше да ми го каже“, вели таа потсетувајќи се на периодот кога имала 11 години и момчето во кое била вљубена ја нарекувало бафало.
rn
rnrnТаа го напуштила училиштето кога имала 15 години за да се заштити од сексуалното и емотивното малтретирање од страна на нејзините соученици. За Кемпбел, тоа бил најтешкиот период од нејзиниот живот бидејќи и нејзината мајка и нејзината маќеа истовремено дознале дека се болни од рак. Оваа несреќа ја поттикнала да си постави цел во животот, да се избори со депресијата и конечно да се прифати себеси онаква каква што е.rn
„Тие луѓе не допираат до мене сега“, вели таа додека емоциите почнуваат да ја надвладуваат. „Но, јас плачев и плачев со години и со години мислев дека сум безвредна и бескорисна. Зборовите се моќни, многу моќни, исто како делата.“
rn
rnrnСега гордо вооружена со висока самодоверба, овој модел нема воопшто намера да ослаби за да се вклопи во рамките на општествените стандарди за убавина.rn
„Веројатно би можела да го променам телото ако вежбам 13 часа на ден и јадам целер“, вели таа додека полека почнува да се соблекува. „Но, јас имам живот, јас сум мајка, имам попаметни работи за правење.“
rnСега Кемпбел го прифаќа она што го гледа во огледало, а што порано го одбегнувала.rn
„Поминувам гола покрај огледало, и си помислувам, браво!“
rnКемпбел го завршува интервјуто со зборовите:rn
„Јас уживам во моето тело, и уживам во моето лудило“.
rnПогледнете го неверојатното видео кое целосно ќе ви ја смени перспективата кон вашето тело…rnrn