Кој би помислил дека Холанѓаните се толку добри фраери? Ние исто така не можевме да поверуваме кога сфативме колку згодни момци имаат потекло од оваа земја. Некои од нив се актери кои сигурно ќе ги препознаете од разни филмови или серии, други се модели, додека пак трети се најдоброто што оваа земја може да го понуди. Па затоа дами, слободно исплакнете ги очите.rnrn
rnrnМикел Хаузмен е еден од актерите кои се на добар пат да станат светски ѕвезди. Веќе го имаме забележано во серијата „Game of Thrones“, но и во филмот „Age of Adaline“. Сигурни сме дека овој холандски актер во иднина го чекаат уште многу сјајни улоги, кои ние со нетрпение ќе ги очекуваме.rnrn
rnrnТон Хеукелс е холандски манекен кој дефинитивно ги украде нашите срца. Освен тоа што е неверојатно сладок, Тон е моментално и еден од најпопуларните холандски модели.rnrn
rnrnЕгберт-Јан Вебер е талентирана холандска филмска ѕвезда во која ќе се заљубите на прв поглед. Не ни верувате? Доволно е само да ја погледнете неговата фотографија.rnrn
rnrnОчите на актерот Оскар Ертс се така необично зелени што ќе останете без текст кога ќе погледнете во нив. А неговата насмевка? За неа, нема воопшто да зборуваме!rnrn
rnrnХоландија е позната и по талентираните фудбалери кои често се прогласени за срцекршачи. Еден од нив е Дејли Блинд на чиј детски шарм нема да можете да останете имуни.rnrn
rnrnДоколку досега не сте слушнале за фудбалерот Грегорија ван дер Вила, тогаш дефинитивно не знаете што сте пропуштиле. Но, никогаш не е доцна за да се научи лекцијата.rnrn
rnrnРоџијер Варнава неодамна ја освои титулата за најубав маж во Холандија, а ние може да се согласиме со тоа, но и да додадеме – со полно право. А еве и зошто!rnrn
rnrnБадр Хари е кикбоксер со кој ниту еден маж не сака да влезе во караница, но секоја жена би сакала да влезе во неговиот личен простор и со прстите да ги допре неговите совршени мускули.rnrn
rnrn
Дами, исплакнете ги очите: Холанѓани кои ќе ви го свртат паметот
