КАФЕ ПАУЗА

Дали вашето бебе плаче без причина? Проверете му ги стапалата!

Дали вашето бебе плаче без причина? Проверете му ги стапалата!

Многу родители се плашат кога не можат да разберат зошто нивното бебе плаче. Нахрането е и здраво, но не може да смири од некоја непозната причина. Постои еден многу чест случај за кој родителите не се свесни, но би требало да обрнат повеќе внимание.rnrnДали вашето бебе плаче без причина? Проверете му ги стапалата!rnrnМожеби нема да ви се верува, но станува збор за обично влакно заглавено во чорапчето. Тоа може да се замота околу прстињата на бебето поради неговите неправилни движења. Влакното може да предизвика силна болка и да ја блокира циркулацијата на крвта што може да доведе до сериозни проблеми ако не се забележи на време. По некое време станува сѐ потешко да се види влакното, бидејќи прстот отекува. Оваа појава се нарекува „стегач од влакно“.rnrnДоколку забележите дека вашето бебе плаче без причина, задолжително соблечете му ги чорапите и погледнете да не му се отечени прстињата и да не има замотано влакно околу нив. Употребете пинцета и лупа за да можете да го извадите влакното, а ако не успеете, веднаш побарајте помош од лекар.rnrnРодителите ширум целиот свет одвреме-навреме се соочуваат со овој проблем, а повеќето не се ни свесни дека вакво нешто воопшто постои. Имајте ја на ум оваа можност и спречете ги страшните последици навреме.rnrnДоколку сакате подобро да ги разберете потребите на детето, прочитајте каква е врската помеѓу астрологијата и карактерот на вашето бебе.