Познатите личности се озогласени поради краткотрајноста на нивните романси, но со оглед на нивните кариери можете ли да ги обвините? Комбинирајте ја честата оддалеченост поради распоредите за работа со притисоците од вниманието на таблоидите и имате рецепт за стресна врска. Но, кога станува збор за вистинска љубов, онаква каква недостига во вакви бурни времиња, не постои време и збор што би ја спречил да постои. Во продолжение погледнете 14 славни парови кои успеваат да функционираат и дознајте кои се нивните тајни за децениска среќа. Тие без сомнение ќе ви дадат верба во постоењето на моќното чувство наречено љубов.rn
1. Џон Леџенд и Криси Тиген
rnЏон и Криси се запознале за време на снимањето на негово музичко видео и иако би помислиле дека така се случува љубов на прв поглед, Џон го демантира тоа објаснувајќи:rn
„Не се заљубивме веднаш, односно не помислив дека таа е жената со која ќе се оженам од првиот ден. Според мене тоа треба да се почувствува, не да се помисли. Веројатно беа потребни неколку години за да се уверам дека ќе бидеме засекогаш заедно.“
rnСпоред нив отвореноста во врската, разговорот за секој проблем и хуморот се оние нешта што го одржуваат нивниот однос. Денес, успешната манекенка и познатиот пејач зад себе имаат 11-годишна успешна врска крунисана и со брак во 2013.rn
2. Пирс Броснан и Кили Шеј Смит
rnДве години од кога ја загубил својата прва жена, Пирс ја запознал Кили на забава во Кабо, Сан Лукас во 1994 година.rn
„Тој воодушевуваше“, изјавила Кили. „Висок, со темен тен, толку симпатичен, со некоја немирна искра во очите. Има сè што е потребно за да привлече некого, па лесно разбирам зошто е толку секси за секоја жена.“
rnЗа својата љубов актерот е непоколеблив, изјавувајќи:rn
„Кили е неверојатна жена. Дури и милион години да барам, не би нашол друга толку добра колку неа.“
rn
3. Стедман Грејам и Опра Винфри
rnБизнисменот Стедман Грејам за прв пат се сретнал со медиумскиот магнат, актерка и филантроп, Опра Винфри, на добротворен настан во Чикаго, 1986 година. Нивната романса започнала истата година, и сè уште трае иако никогаш не решиле да стапат во брак. Стедман е отворен за длабоката љубов и восхит кон Опра, велејќи:rn
„Ме радува што можам да бидам околу жена што секојдневно ги менува животите на луѓето, жена со топло срце и неверојатна харизма.“
rn
4. Дејвид и Викторија Бекам
rnФудбалската легенда ја запознал својата љубов во 1997 година и две години подоцна тие се венчале. Тајната на нивниот долготраен брак, велат тие, е вложеното време и довербата.rn
„Точно е дека патуваме многу со нашите ценети бизниси и добротворни обврски, но секогаш наоѓаме време еден за друг, и како пар и како семејство“, вели Викторија.
rnЗа нежната страна на својата сопруга Дејвид вели:rn
„Јас сум прилично нерешителна личност и Викторија како жена е неверојатна, но како најдобра пријателка е уште подобра.“
rn
5. Дејвид Буртка и Нил Патрик Харис
rnТие заедно прославуваат 13 години, и веќе имаат две деца кои ги сакаат неизмерно. Дејвид и Нил се запознале преку заеднички пријател и велат дека го имаат зачувано истиот сјај уште од првиот ден.rn
„Има нешто посебно во неговата енергија. Зрачи со сексапил и машкост, и јас едноставно не можам да одолеам а да не се заљубам“, вели Нил, за што Дејвид возвраќа: „Тој е мојот спас на некој чуден начин. Го сакам тоа што ме тера да се смеам, го сакам тоа што е исклучително паметен.“
rn
6. Ник Оферман и Меган Мулали
rnПокрај своите брилијантни улоги како пар на филмското платно, нивната љубов опстојува и во приватниот живот. Актерите Ник Оферман и Меган Мулали се во брак од 2003 година и се чини дека се експерти за одржување на пламенот. Кога Меган била запрашана кој е нејзиниот совет за одржување на искрата, таа без дилема одговорила:rn
„Веројатно клучот е во времето поминато заедно, како и во сексот. Ние имаме двенеделно правило, односно не смееме да поминеме одвоени повеќе од две недели.“
rn
7. Фреди Принц Јуниор и Сара Мишел Гелар
rnУспешните актери за прв пат се запознавале во 1997 година за време на снимањето на нивниот заеднички филм „Знам што направи минатото лето“ (I Know What You Did Last Summer), а нивната романса произлегла од доброто пријателство меѓу нив. Затоа Фреди открива што според него е причината за љубов која трае:rn
„Сè додека вашиот партнер знае да ве насмее, смеата ќе трае вечно. Но, ако сте во врска само поради физичката убавина, не и внатрешната, ќе имате сериозен проблем кога ќе наполните 60 години.“
rnПреминете на следната страница за останатите 7 парови што ќе ве потсетат дека љубовта навистина постои…rn

