Многу одамна, не можеше да се замисли домаќинство без дрвена даска за сечење во кујната. Потоа, излегоа модерните тврдења дека дрвото не е хигиенски материјал, па ги заменивме со пластични. Но, ни тие не се толку чисти колку што се сметаше дека се.rnrn
rnrnВсушност и дрвената и пластичната даска се еднакво безбедни, односно штетни, доколку не се следат основните правила за употреба. Дрвото во себе впива остатоци од храната, а доколку има пукнатини ризикот е уште поголем. Исто така, браздите што се создаваат на пластичната даска поради употребата на нож, може да се наполнат со илјадници бактерии што тешко се отстрануваат.rnrn
rnrnЗатоа, најдобро е да имате една посебна даска за месо и риба и уште една за леб, овошје и зеленчук. По употребата даската мора да се измие со топла вода и со средство за миење садови, а пластичната може и да се мие во машина. Два до три пати месечно потребно е даските длабински да се дезинфицираат со медицински хидроген или алкохол и потоа да се исплакнат под млаз вода. Внимавајте по миењето да ја оставите даската целосно да се исуши, бидејќи влажната средина е идеална за развивање бројни бактерии.rnrnКога купувате даска, внимавајте да е изработена од што поцврст материјал, за да се избегне создавањето вдлабнатини кои собираат нечистотии. Исто така, препорачливо е на одредени временски периоди да се ослободите од старите даски и да ги замените со нови.rnrnПогледнете ги и овие креативни кујнски помагала кои ќе посакате веднаш да ги имате.
Дали пластичните даски за сечење се похигиенски од дрвените?
