Тетоважите го красат човечкото тело уште од минатото. Тетовирањето е старо колку и самиот човечки род, а популарно е во сите делови од планетата. Самото тетовирање е процес на механичко внесување пигмент во третиот слој на кожата. Сепак, со тек на време тетоважите знаат да станат досадни или пак, да посакаме да ги отстраниме, бидејќи сме го промениле личниот став. Отсега и вие можете да кажете дека вашата баба не била во право кога ви кажала дека ќе морате да ја носите тетоважата во текот на целиот живот. Благодарение на ласерската технологија, отстранувањето на тетоважите сега е брзо, лесно и безболно.rnrn
rnrnОтстранувањето на тетоважите со ласер всушност е таргетирање на пигментираното масло кое се наоѓа под вашата кожа и кршење на истото на ситни честички кои потоа ги апсорбира крвотокот. На поголем дел од луѓето им се потребни помеѓу 4 и 10 третмани за тетоважата целосно да се отстрани, но сѐ зависи од големината и густината на мастилото со кое е направена.rnrnОна што сигурно ве интересира е какви тетоважи се најлесни за отстранување? Најлесно се отстрануваат еднобојните тетоважи. Кај тетоважите со повеќе бои можно е понекогаш да остане само одвај видлива дамка. Црната, сината и црвената боја најлесно се отстрануваат. Дали е болно? Па, дефинитивно ќе почувствувате мала непријатност, но не грижете се, не е ништо неподносливо. Чувството е малку непријатно, како некој малку посилно да гребе по вашата рака.rnrn
rnrnЕкспертите велат дека е можно на вашата кожа, после отстранувањето на тетоважата да се појави црвенило, а ретко се случува да се појават и ситни пликови. Тоа е сепак ретко и ги погодува само оние кои имаат премногу чувствителна кожа или пак, некое заболување. Доколку се појават мали пликови, не паничете, бидејќи тоа е добар знак – ласерот успеал да разбие многу пигмент.rnrnПред да се одлучите да ѝ кажете збогум на тетоважата која повеќе не ви се допаѓа или ви досадила, би требало да знаете дека отстранувањето на тетоважите со ултразвучни бранови или ласер се изведува со локална анестезија. Анестезијата се аплицира како гел или инјекција. Употребата на мраз во текот и после интервенцијата во значителна мера го намалува непријатното чувство.rnrnЗа сите оние кои сакаат да се тетовираат, но не сакаат тоа да биде некое видливо и впечатливо место, тогаш погледнете ги овие дискретни места на кои можете да се истетовирате.
Дали отстранувањето на тетоважите е навистина болно?
