Иако во денешно време тетоважите стануваат сѐ поприфатливи и речиси не постои човек кој се нема истетовирано, сепак некои луѓе сметаат дека цртањето на телото изгледа невкусно. Доколку сакате да се занимавате со посериозна професија, како што е работа во фирма каде постојано би имале контакт со клиенти и странки, можеби подобро е да не се тетовирате на видливи места, бидејќи не знаете на какви луѓе и предрасуди ќе налетате.rnrn
rnrnНормално дека секој има право на слободно изразување, но веројатно би сакале да одбегнете непотребни конфликти со шефот, па дури и добивање отказ од работа. Тоа не значи дека треба да се откажете од вашата љубов кон тетоважите. Постои начин да ја искажете, но подискретно. Погледнете ги следниве 7 уникатни и дискретни места на телото на кои можете да истетовирате, без притоа вашата тетоважа да „боде“ очи некому…rn
1. Под пазуви
rn
rnrnНема потајно и подискретно место од вашите пазуви. Освен тоа, бидејќи тетоважата постојано ќе биде заштитена од сонце, боите нема да избледат веднаш. Единствената негативна страна е тоа што пазувите се едни од најболните места за тетовирање.rn
2. Во внатрешноста на усните
rn
rnrnТетовирањето на внатрешната страна на усните не е за луѓе со слабо срце. Овие тетоважи не траат долго поради плунката, но доколку сакате да постигнете ефект на изненадување и шок, ова место е дефинитивно за вас.rn
3. На задник
rn
rnrnТетоважите на задникот обично се сметаат за невкусни и вулгарни, но тоа не мора да биде така. Тие можат да изгледаат навистина слатко и дискретно, ако го одберете вистинскиот дизајн. Освен тоа среќниците што ќе добијат можност да ви го видат задникот ќе наидат на пријатно изненадување.rnrnПреминете на следната страница за останатите дискретни места за тетовирање…rnrn