КАФЕ ПАУЗА

Зошто мачките сакаат да спијат на главата на својот сопственик?

Зошто мачките сакаат да спијат на главата на својот сопственик?

Меѓу многуте глупави однесувања со кои мачките ги забавуваат своите сопственици е и тоа што мачките сакаат да спијат на главата на својот сопственик. Постојат неколку можни објаснувања за оваа навика на мачките, но бидејќи мачките се мистериозни животни, можеби само тие ја знаат вистинската причина зошто го прават тоа. Луѓето навистина не знаат зошто мачките спијат на главата на своите сопственици, но експертите за бихејвиоризам нудат три можни решенија.rnrnЗошто мачките сакаат да спијат на главата на својот сопственик?rnrn1. Најверојатната причина за тоа е што мачките така се затоплуваат. Луѓето губат поголем дел од топлината на телото преку главата, а мачката може да ја почувствува така што ќе се намести убаво на главата на сопственикот за да се стопли.rnrn2. Мачката може да биде привлечена од мирисот на косата, особено кај жените затоа што тие користат мирисливи производи за стилизирање на косата. Покрај мирисите, мачките почесто ги привлекува текстурата на косата. Некои дури и ја лижат косата на своите сопственици.rnrn3. Кога е толку близу до сопственикот и може да го почувствува неговиот мирис, тоа може да ѝ даде на мачката чувство на удобност и сигурност, како и утеха. Покрај тоа, удобноста на перницата може да биде совршена за мирен сон.rnrnСè додека вашето домашно милениче не ви го нарушува сонот, сосема е во ред да го оставите да се свитка на вашата глава и да биде она што се мачињата – интересни, неверојатни и убави суштества.rnrnПрочитајте ги овие занимливости за тробојните мачки што ги прават овие убавици уште поинтересни.