Астрологијата, освен што ни ги открива разните карактеристики и афинитети на секој хороскопски знак и нивната меѓусебна компатибилност, ни објаснува и зошто одредени знаци нè привлекуваат повеќе од други. Секој од нас има одредени очекувања за тоа што сакаме да поседува нашиот идеален партнер и, на еден или друг начин, сите се стремиме да го пронајдеме „капачето на нашето тенџерче“. Откријте што вас ве привлекува или одбива кај секој од знаците и кои особини треба да ги поседувате, за да биде вашата љубовна врска компатибилна.rnrn
rn
Овен
rnОние коишто се привлечени од Овните се типови луѓе коишто се во потрага по авантура. Тие знаат дека Овенот постојано бара некаква возбуда, којашто може да им помогне да излезат надвор од нивната „школка“ и да ги направи похрабри. Овие се проактивни луѓе, коишто имаат амбиција да прават промени во животот. Од друга страна, оние пасивните кои чекаат другите да сторат нешто место нив, ќе изберат некој друг хороскопски знак – Овенот не е за нив. Тие сакаат да бидат во љубовна врска со Овенот, бидејќи се палави и весели луѓе, коишто не сакаат да живеат мирен живот и да „остарат заедно“. Тие се свесни дека со Овенот животот постојано ќе им биде забавен, активен и обновлив.rnrnКарактеристики кои треба да ги поседувате: сакате забава, со задоволство прифаќате да бидете на второ место во одлучувањето (веднаш после Овенот), релаксирани, спонтани личности, кои не се ограничуваат со строги правила на живеење.rn
Бик
rnЛуѓето коишто се привлечени од припадниците на знакот Бик се во потрага по лојалност. Тие знаат дека кога Бикот ќе одлучи да сака друга личност, тоа чувство нема да се промени. Тие исто така знаат дека Бикот преферира релаксиран живот наместо драматичен и тој или таа има тенденција да биде многу интелигентна личност. Идеалните партнери за Бикот се исто така релаксирани луѓе, коишто го ценат тоа што може да се потпрат на Бикот и безрезервно да му веруваат.rnrnКарактеристики кои треба да ги поседувате: емотивно зрели, финансиски стабилни, трпеливи.rn
Близнаци
rnЛуѓето коишто се привлечени од Близнаците се во вечна потрага по возбуда во животот. Ним многу им се допаѓа тоа што Близнаците се секогаш, секогаш возбудени за нешто, дури и ако тоа за коешто се возбудени, се менува од недела во недела (некојпат од час во час). Овие личности сакаат да бидат во врска со Близнаци, бидејќи мечтаат и нивниот живот постојано да вклучува нови нешта, како на пример, нови страсти, проекти и соништа.rnrnКарактеристики кои треба да ги поседувате: среќни, слободоумни, непристрасни, повеќе релаксирани отколку формални.rn
Рак
rnЛуѓето коишто посакуваат да бидат со некој што е Рак се во потрага по вистинска, длабока љубов. Тие знаат дека Раковите располагаат со цврста карактерна основа, врз која можат заеднички да ја создаваат нивната иднина. Овие се типови луѓе коишто сакаат да бидат во сериозна врска и по можност таа да трае до крајот на животот. Исто така, бидејќи Раковите се колебливи околу тоа дали богатството им е важно во животот, имаат тенденција да привлекуваат богати партнери, бидејќи ним им е јасно дека овој хороскопски знак не би ги избрал нив заради парите.rnrnКарактеристики кои треба да ги поседувате: сензуални, емотивно длабоки, „стари души“.rnrn
rn
Лав
rnЛуѓето коишто имаат симпатии кон Лавовите се во потрага по вистинска „ѕвезда“. Тие сакаат да бидат крај некој што е истовремено паметен, креативен, кул и популарен во своето социјално опкружување. Да се биде во врска со Лав, е исто како да излегувате со претседателот на вашата генерација во средно школо. Лавовите со нивната појава оставаат впечаток на интригантни личности, за кои би било необично да се решат да бидат во врска со обичен смртник.rnrnКарактеристики кои треба да ги поседувате: дарежливи, добри комуникатори, покорни.rn
Девица
rnЛуѓето коишто посакуваат да пронајдат некоја Девица во својот живот се во суштина во потрага по „безбедна локација за слетување“. Нив им се допаѓа тоа што Девиците се секогаш прибрани, организирани и дисциплинирани и помалку патат од синдромот на „возрасни деца“ како останатите луѓе. Девиците особен впечаток им оставаат на лицата коишто се во 20-тите години од животот, благодарение на нивната способност полесно да ги сфаќаат работите, коишто им делуваат сложено на останатите луѓе. Нажалост, Девиците имаат тенденција да западнат во сопствена стапица и да излегуваат со луѓе коишто сакаат само да го искористат нивниот организиран карактер за свои лични потреби.rnrnКарактеристики кои треба да ги поседувате: инстинктивни, харизматични луѓе, коишто сакаат да се забавуваат.rnrnОстанатите 6 знаци прочитајте ги на следната страница…rn
