„Доколку ме познавате мене или некој што ме познава, тогаш знаете дека јас сум суштество што е насочено кон целите.“ – Боб Проктор
rnСите ние во себе имаме потенцијал да креираме онаков свет каков што сакаме. Но, најпрво мора да одлучиме што сакаме. А, знаете ли што е најчудно од сѐ? Поголемиот дел од луѓето никогаш не го прават тоа. Како што кажал еден од големите лидери: „Не е проблем да го остварите она што го посакувате, проблем е да одлучите што сакате!“ Но, зошто би имале проблем со тоа? Затоа што слушаме како луѓето зборуваат „го сакам ова“, „го сакам она“, но никогаш сериозно не се фокусираат на тоа. Боб Проктор е некој кој ја проучувал оваа тема повеќе од 50 години и може да се каже дека сфатил за што станува збор. Во продолжение ви го пренесуваме неговото целосно објаснување, а вие прочитајте го внимателно.rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Кога сте биле мали и кога сте почнале да зборувате, да одите и да трчате наоколу сигурно често сте велеле: „Мамо, тато, јас сакам…“, а тие ќе ве прашале: „А, како ќе го оствариш тоа?“rnrnПа, секако дека како дете не знаете како. И така ви ги убивале вашите соништа. Најверојатно биле зафатени со некои други работи. А, вие повторно ќе се вратите и ќе кажете: „Сакам…“ и тие ќе ви одговорат: „Ти постојано сакаш нешто, зошто не си играш со она што го имаш?“rnrnИ знаете што? Ако тоа се повторувало четири, пет години, желбите биле исфрлени од вашата глава. И така сте израснувале со идејата дека не можете да имате сѐ што ќе посакате. Вистината е дека МОЖЕТЕ! Вие можете да имате своја торта и да ја изедете! Но, морате да сфатите како да ја добиете. Јас на тоа гледам како на поставување цели од типот А, Б и В. Целите од типот А или мали цели, се оние кога ќе поставите цел да направите нешто што и порано сте успевале да го направите. Ќе ви наведам еден пример.rnrnНа еден семинар ми пријде еден младич и ме запраша дали можам да поразговарам со него во врска со неговата цел.rn
„Секако, која е твојата цел?“rnrn„Сакам да купам нов автомобил.“rnrn„Во ред. Каков автомобил?“rnrn„Понтијак!“rnrn„Хм, јас имав Понтијак, тоа е добар автомобил. А каков автомобил возиш моментално?“rnrn„Понтијак.“rnrn„Колку е стар твојот Понтијак?“rnrn„4 години.“rnrn„Најверојатно е и време да купиш нов автомобил. Колку долго го имаш?“rnrn„4 години.“rnrn„Тоа не е добра цел. Ти веќе 4 години знаеш како да купиш нов Понтијак. Поената на целите не е нешто да добиеш, нивната поента е да се развиваш. Би требало да се движиме во правецот кон нешто што ќе го поттикне најдоброто во нас. Размисли за тоа на момент.“
rnНо, тоа е она што го прават поголемиот дел од луѓето. Тие го повторуваат она што веќе го направиле. Знаете ли зошто? Не сакаат неуспех. Не сакаат да изгледаат лошо пред своите пријатели. Гледате, секогаш кога ќе прочитате некој текст како овој или некоја инспиративна книга, кога ќе погледнете некое инспиративно видео, вашиот ум се збунува и вие си велите во себе: „Сега ќе се мотивирам!“rnrnИ потоа седнувате, земате пенкало и помислувате: „Ајде да погледнам, што би можел да направам?“rnrnИ потоа запишувате: „Ако тие го направат ова, ако оние го направат она, ако таа го предложи ова и ако тој го предложи она, ако сѐ дојде на своето место, јас би можел да остварам…“ И така се одлучувате за нешто. И така луѓето прават нешто што мислат дека можат да го остварат. И тогаш следува стариот принцип кој училиштето го втиснал во нашите глави и кој вели: Мора да имаш план!rnrnТака, имаат план како да го добијат она што мислат дека може да го добијат. Знаете ли што е тука проблем? Во таквите цели нема инспирација и набрзо, таа цел умира! Зошто? Затоа што тоа не е она што тие навистина го сакаат, туку она што мислат дека можат да го остварат.rnrnНема инспирација во она што мислите дека го можете, тоа е стриктно интелектуално. Морате да влезете во својата суштина, да нурнете во длабокиот резервоар на своите таленти и способности и да си го поставите прашањето: „Што е она што навистина го сакам?“rnrnЗнаете, ако навистина го изберете она што го сакате, ви гарантирам една работа… НЕМА ДА ЗНАЕТЕ КАКО ДА ГО ОСТВАРИТЕ ТОА!rnrnГледате, желбите не водат во поразлична димензија. Не водат во димензија на размислување во која никогаш не сме биле. И тоа е идејата на целите! Да не поведат онаму каде што никогаш не сме биле. Нели е тоа прекрасна идеја? Е сега, ние не знаеме како ќе стигнеме таму. Само знаеме дека ќе стигнеме! Ако се фокусираме на целта и кажеме: „Ова мора да се исполни!“rnrnТака браќата Рајт ни овозможиле да летаме. Така Сер Едмунд Хилари го освои за прв пат Монт Еверест. Така и Едисон ја осветли просторијата. И така вие ќе го добиете она што го сакате. Доколку одлучите што сакате.rnrnЗемете пенкало и запишете во сегашно време: „Многу сум среќен/среќна и благодарен/благодарна сега кога…“!rnrnБидејќи, од моментот кога таа цел ќе ја ставите во вашиот ум, ја имате на тоа ниво. Во оној момент кога ќе станете емотивно врзани за таа цел, ја имате на тоа ниво. И знаете што? Вие се движите во насоката на она за што сте емотивно врзани. И не само што се движите во таа насока, туку и тоа се движи во вашата. Бидејќи вие влегувате во таква вибрација. А, единствените работи кои можете да ги привлечете, се работите кои се во согласност со вибрацијата во која се наоѓате.rnrnИстражувањето го поттикнува ширењето на менталното царство, а сите овие работи ни доаѓаат од таму. Сакам да ја подучувам оваа лекција. Ако се наоѓате во близина кога ја подучувам, придружете се, внесете се во неа.rnrnТаа ми помогна да заработам милион долари, ми помогна да изградам компанија која работи со целиот свет, со доста занимливи луѓе, ми помага да живеам во здраво тело, во здрава врска, опкружен со прекрасни луѓе. И истото ќе го направи и за вас! И дозволете ми да ве прашам: „Што навистина сакате?“rnrnИ запомнете го правилото! Ако знаете како да го добиете тоа, тогаш не е добро. Морате долго да се движите за нешто што не знаете како да го остварите и тоа ќе го одржува вашиот правец и вашата љубопитност, до денот кога ќе се манифестира во вашиот живот. Тоа е прекрасна идеја. И тоа е идеја со која јас веќе долго живеам. И сакам да ја споделам со вас. Одете и употребете ја!“rn[/message_box]rnrnЗа тоа дека можете да успеете во остварувањето на сите ваши цели и дека никогаш не е доцна за успех ќе ве убедат овие луди вистински приказни за неуспеси што довеле до најголемите светски успеси.