КАФЕ ПАУЗА

Едноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некого

Едноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некого

По болното раскинување, нормално е сѐ уште да сте вљубени во вашиот поранешен партнер. Потребно е многу време да ја преболите саканата личност и да продолжите понатаму со нова. Но, психологот Џон Алекс Кларк ја открил техниката што ќе ви помогне да го одљубите оној кој ви го скршил срцето. Ова е возможно благодарение на психолошкиот концепт наречен класично условување.rnrnЕдноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некогоrn

„Преболувањето на саканата личност е исто како да се откажувате од пушење цигари. Кога човек ќе одлучи да се откаже од некоја навика како што е пушењето, првите неколку дена се најтешки. За среќа, тоа станува полесно со текот на времето и со помош на многу трпение и вежбање“, напишал психологот Кларк.

rnПо раскинувањето, секогаш ќе има нешто што ќе ве потсетува на вашиот поранешен партнер. Можеби ќе станува збор за место, храна, па дури и период од денот или годината. Бившите се дел од вашиот живот, така што нормално е да постојат работи што ќе ве потсетуваат на нив.rnrnКларк советува дека мора да ги уништите овие асоцијации ако сакате да се одљубите.rn

„Луѓето обично создаваат ментални врски помеѓу две искуства и ги поврзуваат едно со друго. Одредени ситуации или места можат да поттикнат емоционална реакција врз основа на минатите случувања“, објаснил Кларк.

rnСо други зборови, мора да ги уништите врските што постојат меѓу овие места, храна и периоди со сеќавањата за вашиот поранешен партнер. На пример, ако постојано сте оделе во некој ресторан заедно, по раскинувањето ќе ви биде тешко повторно да одите таму, бидејќи насекаде ќе ја гледате саканата личност. Наместо да бегате од ресторанот како од чума, мислете на добрата храна и пријатната атмосфера што ги нуди.rnrnЕдноставна психолошка техника која ќе ви помогне да се одљубите од некогоrn

„Со секое позитивно искуство што ќе го поврзете со некогаш болното сеќавање, страдањето ќе се намалува. Вашето ново убаво сеќавање ќе го заземе неговото место и постепено тоа нема повеќе да ве потсетува на бившиот“, тврди Кларк.

rnПравете ја оваа вежба редовно и со текот на времето болните чувства поврзани со тоа место ќе се намалат и ќе бидат заменети со позитивни.rnrnКларк е свесен дека техниката на класично условување не е лесна за секого, ниту ќе даде позитивни резултати по секоја цена. Мора да ја прифатите болката предизвикана од скршеното срце, но обидете се полека да ги кинете врските што постојат меѓу вашата поранешна љубов и одредени места и предмети.rn

„Колку повеќе го поттикнувате вашето страдање, толку подлабоко го туркате во вашата потсвест, поради што ќе ви биде многу потешко да го надминете тогаш кога ќе бидете подготвени да продолжите понатаму“, изјавил Кларк.

rnПрифатете ја болката и дозволете си да бидете тажни некое време. Но, евентуално ќе мора да продолжите понатаму. Ќе видите дека по краток период, љубовта што сте ја чувствувале за вашиот поранешен партнер ќе биде само едно далечно сеќавање.