Black Friday во 2018 година бил најпрофитабилниот ден за продавачите ширум светот создавајќи огромни приходи од 7,9 милијарди долари само кај американските продавачи. Но, се очекува овој рекорд да биде срушен оваа година. Додека многумина со нетрпение ги очекуваат наводно сензационалните попусти, продавачите имаат многу трикови и тајни што се надеваат дека вие нема никогаш да ги откриете. Прочитајте за што станува збор.rnrn
rn
1. Ексклузивните промоции и не се баш толку ексклузивни
rnАко видите дека одредени понуди се ексклузивни или станува збор за ограничени количини, не верувајте веднаш во тоа. Благодарение на овие термини, купувачите имаат тенденција да купат работи што не им се потребни само затоа што стравуваат дека ќе ја пропуштаат спектакуларната понуда.rn
2. Black Friday ќе ве натера да потрошите повеќе пари за да „заштедите повеќе“
rnПоточно, многу продавници нудат дополнителни попусти ако купите повеќе артикли. Но, ова е само уште една психолошка замка што ве тера да потрошите повеќе пари.rn
3. Производите не се продаваат толку брзо колку што мислите
rnИако можеби мислите дека сè што планирате да купите ќе исчезне со брзина на светлината додека да стигнете до продавницата, не грижете се. Повеќето продавачи имаат дополнителни резерви на залиха, а и не се сите дојдени за да го купат токму тоа што вам ви треба.rn
4. Накитот ќе биде поевтин неколку недели по црниот петок
rnСпоред резултатите од едно истражување, повеќе накит се продава пред новогодишните и божиќните празници, а подоцна во јануари продажбата драстично паѓа. Токму затоа, златарите и останатите продавачи на накит ги чуваат најдобрите попусти за почетокот на следната година.rn
5. Вие плаќате иста цена секоја година
rnАко мислите дека понудите стануваат сè подобри од година во година – се лажете. Според едно истражување спроведено во 2014 година, дури 93 % од продавниците во текот на овој ден секоја година имале исти цени за одредени производи. Со други зборови, ако купувате работи што не ви требаат во моментов, туку ќе ги користите во иднина, слободно почекајте нови попусти.rn
6. Најголемите попусти се резервирани за непопуларните производи
rnОва е можност за продавачите да го продадат она што не успеале да го продадат во текот на целата година.rn
7. Ако плаќате во готово, ќе потрошите помалку
rnЗа време на ова шопинг-лудило најдобро е картичката да ја оставите дома. Ако имате само одредена сума готовина со вас, сигурно нема да можете да потрошите повеќе.rnrnПогледнете на кои други начини продавниците за облека ве тераат да потрошите повеќе пари.