Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 20 долари. Во просторијата имало 200 луѓе и тој го поставил следново прашање: „Кој ја сака оваа банкнота од 20 долари?“rnrn
rnrnЛуѓето почнале да креваат раце. Потоа, говорникот додал:rnrn„Ќе му ја дадам оваа банкнота на некој од вас, само прво дозволете ми да направам нешто.“rnrnГоворникот ја истуткал банкнотата и ги запрашал луѓето:rnrn„Дали има некој кој сѐ уште ја сака банкнотава?“rnrnРацете сѐ уште биле кренати во воздух.rnrn„А, што ако го направам ова?“, ја спуштил банкнотата на подот и ја изгазил со чевелот.rnrnЈа подигнал од подот и банкнотата била целата истуткана и валкана.rnrn„Има ли некој кој и понатаму ја сака оваа банкнота?“, запрашал говорникот повторно.rnrnЛуѓето повторно ги кренале рацете.rnrn„Пријатели мои, вие сега научивте една многу вредна лекција. Што и да направев со банкнотата, вие и понатаму ја сакавте, бидејќи тоа не ја намали нејзината вредност. Таа сѐ уште вредеше 20 долари“, завршил говорникот.rnrnМногу пати во нашиот живот ќе бидеме, згазени, истуткани, ќе паднеме на земја и ќе се извалкаме поради одлуките што ќе ги донесеме и околностите што ќе ни го попречат животниот пат. Ќе се чувствуваме безвредно. Но, без разлика што се случило или што ќе се случи, никогаш нема да ја изгубите својата вредност. Вие сте неверојатни и никогаш немојте да го заборавите тоа!rnrnПрочитајте ја и следнава поучна приказна за да дознаете колку навистина вредиме.
Банкнота од 20 долари: Прочитајте ја оваа поучна приказна доколку се чувствувате безвредно
