12 работи кои мажите ги прават поинаку од жените

Сподели

Битката помеѓу мажите и жените – пак, и тоа овој пат на сметка на вторите.

Реклама

rn

Прекари

rnАко Весна, Сања и Кате седнат на кафе, меѓу себе ќе си се викаат Весна, Сања и Кате.

Ако Петар, Столе и Горан излезат заедно, меѓу себе нагалено ќе си се викаат Педер, Дебели, Глуп.rn

Јадење во ресторан

rnКога ќе стигне сметката, Петар, Столе и Горан ќе фрлат по 500 денари на маса иако сметката е вкупно 1.200. Никој од нив нема да има ништо поситно, и нема да признаат дека го сакаат својот дел од кусурот.

Кога ќе им стигне сметката на девојките, тие ги вадат мобилните од ташна и пуштаат калкулатор.rn

Купатила

rnМаж има 6 работи во купатилото: четка за заби, паста за заби, брич, шампон, сапун и пешкир.

Просечниот број на работи што жена ги чува во купатило изнесува 337. Притоа, маж може да знае што се максимум 20 од нив.rn

Кавги

rnЖената го има последниот збор во секоја кавга.

Сѐ што ќе каже маж после тоа се смета за почеток на нова кавга.rn

Иднина

rnЖената се грижи за иднината додека не се омажи.

Мажот никогаш не се грижи за иднината сѐ додека не се ожени.rn

Успех

rnУспешен маж е оној кој може да направи повеќе пари одошто неговата жена може да потроши.

Успешна жена е онаа која ќе најде таков маж.rn

Брак

rnЖена стапува со маж во брак, верувајќи дека тој ќе се промени, но тој не се менува.

Маж стапува во брак со жена, очекувајќи дека таа нема да се промени, но се менува.rn

Дотерување

rnЖена ќе се дотера за да оди на шопинг, за да го фрли ѓубрето, за да оди во комшии, за да ги наводни цвеќињата, за да се јави на телефон, за да чита книга…

Маж ќе се дотера за свадба и за погреб.rn

Природна убавина

rnМажите се будат изгледајќи исто добро како кога легнале да спијат.

Жените некако огрдуваат во текот на ноќта.rn

Деца

rnЖената знае сѐ за нејзините деца. Знае кога имаат закажано на забар, кој им е симпатија, кои им се најдобрите другар(к)и, омилената храна, најголемите стравови, надежи и соништа.

Мажот е отприлика свесен дека некои мали луѓе живеат во неговиот дом.rn

Мисла на денот

rnЖенет човек треба да си ги заборави грешките.

Нема поента двајца луѓе да памтат исти работи.

Популарно

Може ќе ве интересира