Џони Линго бил многу згоден дечко и способен трговец. Што и да купувал или продавал остварувал добра заработка. Живеел на остров на кој било обичај жените да се купуваат со крави.rnrn
rnrnПристојна жена можела да се купи за 3 или 4 крави, а за 5 – исклучителна.rnrnЕден ден Џони објавил дека сака да се ожени со Махана. Таа немала никакви вредности ниту углед во очите на другите островјани. Нејзиниот татко кон неа се однесувал како таа да е некој фамилијарен отпад. Велел дека во главата има слама и дека би ја дал за една слаба крава само за да се отараси од неа.rnrnКога селаните чуле дека Џони планира да се ожени со неа, мислеле дека тоа е можеби поради тоа што може да ја земе бесплатно. Бил многу убав и популарен, па би можел да ја добие секоја девојка на островот. Тоа што ја сакал Махана немало никаква смисла.rnrnДошол денот за тргување. Махана била многу исплашена, збунета и посрамена, па не сакала дури ни да излезе од својата колиба. Моки, таткото на Махана за неа побарал 3 крави. Кога собраните селани ја чуле неговата висока цена, сите почнале гласно да се смеат. Ништо посмешно не чуле во животот.rnrnНо, Џони ги смирил селаните и рекол: „Да ти дадам 3 крави за жена е многу, но недоволно за мојата Махана. Ти давам 8 крави за Махана“.rnrnСите останале без здив. Моки од изненадување скоро паднал од столицата. Никој никогаш во историјата на овој остров не дал 8 крави. Зошто Џони би направил нешто такво кога можел да ја добие и бесплатно? Селаните мислеле дека Џони е суетен и сака сите да знаат дека тој е првиот и единствен кој дал повеќе крави за жена од останатите.rnrnКонечно дошла и свадбата, после која Џони и Махана веднаш го напуштиле островот и заминале на подолг меден месец. Се вратиле после неколку месеци. Стариот трговец во нивната колиба донел подарок за Махана кој Џони го нарачал.rnrnНа старецот му застанал здивот од она што го видел. Тука била Махана. Но, таа повеќе не била срамежлива, грда и запуштена како Махана од татковата колиба. Сега била исклучително убава. Се смеела и зборувала мило. Во нејзината сјајна долга коса имало прекрасен црвен цвет. Во нејзиниот чист црвен фустан личела на кралица.rnrnКога отишла Махана по вода трговецот прашал: „Што се случи со Махана?“rnrn„Тоа е заради кравите“ – одговорил Џони.rnrn„Заради кравите?“ – зачудено прашал трговецот. „Како мислиш заради кравите?“rnrn„Можете ли да замислите“, почнал да одговара Џони, „како се чувствува една жена која ја продаваат за една или две крави кога знае дека за некоја друга се даваат по 4 или 5. Такво нешто не можев да ѝ направам на мојата Махана.rnrnСакав таа да биде жена која вреди за 8 крави и затоа за неа дадов 8 крави. Најважно е каква вредност има жената во сопствените очи“ – продолжил Џони.rnrnВо колибата на нејзиниот татко Махана немала никаква вредност. Сега знае дека вреди повеќе од секоја жена на островот. Кога човек се чувствува дека вреди за 8 крави, тогаш може и да биде човек кој вреди за 8 крави.rnrnПотребно било Џони да ѝ ја подари својата љубов на Махана за таа да ја сфати нејзината сопствена вредност. Секој од нас вреди „8 крави“ ако има љубов во себе.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.