КАФЕ ПАУЗА

9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумни

9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумни

Општеството се води според одреден протокол за тоа како треба да се воспитуваат децата. Тие треба да бидат послушни, дисциплинирани, учтиви и амбициозни. Но, постојат родители кои ги воспитуваат децата да бидат слободоумни и не се водат според наметнатиот протокол. Родителите секогаш ќе ве принудуваат да учите и да се храните здраво, но ако истовремено ја поттикнуваат и вашата креативност, тоа е знак дека тие сакаат да созреете како слободоумна личност.rnrn9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумниrnrnВо општеството владеат одредени стереотипи за слободоумните луѓе дека се безгрижни хипици кои не ги почитуваат правилата и нема да постигнат ништо во животот. Но, стереотипите се глупави и честопати погрешни. Доколку се пронајдете во следниве 9 знаци, можете да бидете сигурни дека вашите родители ве воспитале да бидете слободоумни…rn

1. Ви дозволувале сами да се облекувате

rnДали мајка ви ви дозволувала да се шетате облечени во наметка како Бетмен или во долг фустан како принцеза? Тоа е знак дека родителите уште од мали нозе ви дозволиле самите да одлучувате за себе.rn

2. Ви дозволувале да ја носите косата како што сакате

rnМалите момчиња смееле да имаат долга коса, а девојчињата да имаат кратка. Вашите родители не ви ги наметнале стереотипите за тоа каква треба да ви биде фризурата во зависност од тоа дали сте момче или девојче.rn

3. Ве охрабрувале да ги истражувате уметностите

rnДоколку вашите родители ја поддржувале вашата љубов кон цртањето, глумењето или свирењето музички инструмент исто толку колку што го поддржувале вашиот интерес за математика и наука, тогаш дефинитивно нивна заслуга е тоа што сте слободоумни.rn

4. Си играле со вас

rnДали вашиот татко ви читал приказни и притоа ги имитирал гласовите на ликовите? Дали вашата мајка била редовен гостин на вашите чајанки со куклите? Тоа значи дека тие ја поддржувале вашата детска фантазија и ја поттикнувале.rnrn9 знаци дека родителите ве воспитале да бидете слободоумниrn

5. Ви дозволувале да се нарекувате себеси со друго име

rnВашите родители можеби ве крстиле Мартин, но вие еден ден сте се разбудиле и сте решиле дека ќе се викате Моцарт. Тоа воопшто не им пречело, бидејќи слободумните луѓе самите се одговорни за нивните постапки и одлуки.rn

6. Времето поминато во игра надвор на воздух било задолжително

rnФилмовите и видео игрите се во ред, но вашите родители ве поттикнувале да си играте надвор цел ден, додека не засветат уличните сијалици. Дома се враќавте истоштени, извалкани и пресреќни.rn

7. Не ви поставувале правила, туку насоки

rnВашите родители сакале да ви дадат слобода на израз. Поради тоа, дури и да ви забраниле нешто, тоа обично не била нивната конечна одлука, туку сте можеле да дискутирате и да го кажете вашето мислење.rn

8. Никогаш не сте биле казнети или исплескани

rnСекако дека не биле воодушевени кога сте ги „украсиле“ белите ѕидови со перманентен маркер, но сепак не сакале целосно да ви го скршат филмот. Поради тоа, тие разговарале со вас и побарале да им помогнете да ја поправите штетата.rn

9. Лошите оценки не биле крај на светот

rnВашите родители никогаш не се налутиле затоа што сте добиле тројка по математика. Наместо тоа, тие се восхитувале на вашите неверојатни рачни изработки и извонреден талент за свирење пијано.rnrnПрочитајте и кои се 10-те клучни особини на добрите родители.