rn
5. Некои компании намерно ги саботираат нивните продукти за да купите нови
rn
rnrnМинатата година Епл се најде во сите медиуми откако се дозна дека ги забавува постарите модели на ајфон со цел да ги натера потрошувачите да купуваат нови. Ова не е единствената компанија што го прави ова, но е единствената што е фатена на дело. Ова саботирање се случува на неколку начини. Компаниите како Епл тајно додаваат „непријателски“ код во нивните надградби за софтвер.rnrnКомпаниите кои ја немаат оваа опција, обично го саботираат продуктот за време на самото производство. Користат материјали со слаб квалитет, така што за неколку години производот ќе се расипе или скрши, па ќе мора да се замени. Највиновни за ова се производителите на автомобили, па поради тоа секоја година издаваат нови модели.rn
6. Препишаната храна за животни е лага
rn
rnrnВо некои држави постои храна за животни која не е достапна во продавниците за миленици и може да се купи само со рецепт од ветеринар. Ветеринарите ја препишуваат оваа храна само затоа што производителите им кажуваат да го прават тоа, а не бидејќи е поразлична од обичната. Бидејќи не е достапна во продавниците, храната изгледа како да е лек кој не може да го купи секој. Наводно препишаната храна е со посебна формула која ќе ги третира медицинските состојби на животните, но ова не е целосно точно. Овој вид храна не содржи никакви лекови и може само да има повисоко или пониско количество на состојки како протеин или натриум, во зависност од состојбата што треба да ја „лекува“.rn
7. Производите без глутен се лага
rn
rnrnСите производители и бизнисмени научија да бидат покреативни со нивните маркетиншки трикови откако луѓето станаа посвесни за нивното здравје. Храната без глутен е една од последните вакви измами. Бидејќи јаглехидратите како лебот почнале да се продаваат помалку откако во маркетите се појавиле таканаречени верзии без глутен, јасно е дека луѓето паѓаат на измамата.rnrnДенес пекарите, слаткарниците и продавниците имаат верзија без глутен од речиси секој производ, вклучувајќи ја и храната што никогаш не содржела глутен. Глутенот нема ефект на повеќето луѓе и оние кои навистина имаат потреба од храна без глутен се луѓето со болеста целијакија. Само 1 од 100 луѓе страда од оваа болест, па нема потреба да давате повеќе пари за продукти без глутен доколку немате здравствени причини за тоа.rn
8. Флашираната вода е вода од чешма
rn
rnrnГолем број компании ширум светот кои продаваат флаширана вода, всушност продаваат вода од чешма. Оваа вода е филтрирана, отстранет е флуорот, а со ова се зголемува ризикот од појава на кариес кај луѓето. Токму поради отстранувањето на флуорот многу луѓе сметаат дека водата од чешма е подобра од флашираната. Обично водата од чешмата е почесто регулирана од флашираната, а оние кои ја продаваат флашираната често ја рекламираат користејќи зборови како „планинска“ и слично.rn
9. Фармацевтските компании им плаќаат на лекарите за да ги препишуваат нивните лекови
rn
rnrnПонекогаш фармацевтските компании им плаќаат на лекарите да ги препишуваат нивните лекови. Во САД се направила регулатива за ова, па денес овие компании можат да ги носат лекарите само на патувања за едукација и не смеат да им дадат подароци поскапи од 90 евра. Сепак, имаат дозвола да им плаќаат на лекарите за аранжмани за консултирање. Со цел да се промовира транспарентноста помеѓу лекарите и фармацевтските компании, владата на САД ја создала Отворената алатка за пребарување на исплати. Ова е веб-сајт каде што пациентите можат да го внесат името на нивниот лекар и да откријат дали добил пари од некоја компанија за лекови.rnrnПогледнете и некои од најпознатите митови за заштедување на горивото.
