КАФЕ ПАУЗА

9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизија

9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизија

Просечниот човек гледа телевизија по 4 часа на ден. Пресметајте колку потрошени часови се тоа на неделно ниво! А на месечно? Можете ли да си го замислите животот без телевизија? Ова се 9-те работи што ќе ви се случат доколку решите да се откажете од оваа бескорисна навика…rnrn9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизијаrn

1. Прво, нема да имате поим што да правите со себе

rnЌе имате многу слободно време и на почетокот нема да знаете како да го искористите. Цело време ќе го чепкате телефонот и ќе проверувате дали сте добиле нова порака.rn

2. Ќе мислите дека немате за што да разговарате

rnМислевте дека ако излезете со пријателите ќе успеете да ја одбегнете телевизијата, но тогаш сите почнуваат да зборуваат за најновата епизода на „Игра на тронови“, а вие немате поим за што се работи и се чувствувате изоставени.rn

3. Но, тогаш ќе сфатите колку многу слободно време имате

rnЗамислете си што сѐ можете да направите за тие 5 часа дневно што претходно сте ги трошеле на гледање телевизија! Конечно можете да научите да свирите на некој музички инструмент, да го средите плакарот или да одите на пилатес. Можностите се бесконечни!rn

4. Можеби ќе паднете во искушение

rnСи ветивте дека ќе се откажете од телевизија. Но, тогаш слушнавте дека новата епизода од „Живи мртовци“ е навистина одлична и си помисливте дека не е ништо страшно доколку ѕирнете што се случило. Одлуката останува на вас, но размислете за момент колкава контрола има телевизијата врз вас.rn

5. Ќе прочитате многу книги

rnПознати ви се оние романи што ви фаќаат прашина на полиците и никако не успевате да ги прочитате поради некоја непозната причина? Зграпчете го денот! Сега е време да го направите тоа! Можеби конечно ќе ја довршите „Војна и мир“ од Толстој.rnrn9 работи што ќе ви се случат ако престанете да гледате телевизијаrn

6. Подобро ќе спиете

rnГледањето телевизија половина час пред да си легнете можеби ви се чини безопасно, но според експертите тоа го нарушува квалитетот на сонот. Сината светлина од телевизорите и компјутерите го намалуваат лачењето на мелатонин во вашето тело, што може да ви предизвика проблеми со спиењето.rn

7. Можеби ќе започнете ново хоби

rnКога ќе си дојдете од работа, наместо да се наместите пред телевизорот, сега ќе можете да правите нешто многу покорисно. Можете да се запишете на јога или да почнете да изучувате некој странски јазик. Ќе бидете толку зафатени со новите предизвици со кои ќе се соочувате што сосема ќе заборавите дека сте ја пропуштиле најновата епизода од вашата омилена серија.rn

8. Ќе стекнете нови пријатели

rnАко во вашето друштво се зборува само за она што се случува во куќата на Големиот брат, проширете го кругот на пријатели и најдете луѓе со кои ќе можете да зборувате и на други теми. Како на пример за сите оние книги што ги имате прочитано.rn

9. Со текот на времето ќе го пронајдете совршениот баланс

rnОткако ќе се ослободите од вашата зависност од гледање телевизија, одберете неколку серии кои ги обожавате и постепено вратете ги во вашиот распоред. На овој начин ќе направите разлика помеѓу работите што навистина ви се допаѓаат и емисиите што ги гледате само затоа што немате попаметна работа. Разумното гледање телевизија е најдобро.