КАФЕ ПАУЗА

Од иновативна бизнис идеја до подобро општество за сите

Наградата за Социјално претприемништво беше отворена со кик оф настан на 27 февруари 2015

Замислете град со подвижна кујна за лицата без дом на неколку локации во градот, место каде што децата со аутизам и родителите работат по современа иновативна програма која ја подобрува нивната терапија, каде туристите користат стари велосипеди наместо јавен превоз во градот, и град во кој оние со хендикеп може да спортуваат заедно со своите пријатели, а лицата со оштетен вид да читаат најнови информации на својот таблет компјутер.rnrn

Наградата за Социјално претприемништво беше отворена со кик оф настан на 27 февруари 2015
Наградата за социјално претприемништво беше отворена со кик оф настан на 27 февруари 2015
rnrnВака би изгледал градот во кој истовремено би се примениле повеќе победнички идеи од Наградата за социјално претприемништво. Ова натпреварување се одржува во 10 европски земји и има за цел од иновативните идеи да создаде навистина успешни бизниси кои ќе го подобрат секојдневното живеење и ќе вклучат што повеќе социјални групи. Бизнисот добива нов квалитет и општеството се развива.rnrnНаградата за социјално претприемништво (Social Impact Award) е образовна програма и натпревар, а е иницирана во 2009 година од Институтот за претприемништво и иновација на Универзитетот за бизнис и економија во Виена и од Impact Hub Виена. За прв пaт годинава, наградата се одржува во Македонија, а вакво натпреварување има и во Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Романија, Русија, Србија, Словачка и Швајцарија. Во Македонија, наградата е организирана од Младиинфо Интернационал, со поддршка и партнерство на Шпаркасе Банка Македонија и Њу Менс Бизнис Акселераторот.rnrn
Наградена идеја СИА 2014 во Русија
Наградена идеја СИА 2014 во Русија
rnrnСтудентите и младите може да аплицираат со своја бизнис идеја најдоцна до 22 април 2015 и да се натпреваруваат за една од трите парични награди од 3.000 евра, 2.000 евра или 1.000 евра обезбедени од Шпаркасе Банка Македонија. Покрај тоа, победничките идеи ќе добијат бесплатно патување во Виена, инкубација, менторство и поддршка за успешно реализирање и материјализирање на бизнис идејата. Пријавете се тука.rnrnДоколку имате идејно оригинално решение за некој општествен проблем или размислувате за некаков проект, иницијатива или организација која ќе ѝ помогне на некоја социјална група, аплицирајте и натпреварувајте се за наградата. Идејата може да ја фокусирате на различни тематики: човекови права и еднакви права за сите, намалување на сиромаштијата, подобрување на здравствените услуги, екологија, одржливо трошење на енергијата итн.rnrn
Работилници за бизнис план - образовна програма на Наградата за социјално претприемништво
Работилници за бизнис план – образовна програма на Наградата за социјално претприемништво
rnrnИндивидуалното натпреварување е отворено за студентите запишани на кој било универзитет во Македонија во тековната академска 2014-2015, додека ако аплицирате како тим, половина од членовите на тимот треба да се студенти.rnrnДосегашните наградени идеи од натпреварувањето може да Ви послужат како инспирација и тие се достапни тука.rn

Официјална страна на Наградата за социјално претприемништво

rnod-inovativna-biznis-ideja-do-podobro-opshtestvo-za-site-kafepauza.mkrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.