Луѓето имаат посебно чувство кое им помага да предвидат кога се во опасност. Како и да е, тие не можат да ги предвидат сите ситуации, особено оние секојдневните за кои веруваат дека се безопасни, како на пример користењето на мобилниот телефон.rnrnСподелуваме со вас 9 нешта кои ги правиме секојдневно, а кои може да бидат опасни.rn
1. Пиењето од пластично шише
rn
rnrnМикропластиката може да биде составна компонента на голем број пластични шишиња, но, овој вид пластика е закана по здравјето на човекот. Компонентите кои се наоѓаат во пластичните шишиња може да влијаат на плодноста, да ги зголемат телесните маснотии, да имаат негативно влијание врз нервниот и имунолошкиот систем, да влијаат врз развојот на гениталиите кај машките деца, да ја поттикнат детската дебелина и да ги зголемат шансите за развој на кардиоваскуларни заболувања. Пластичните шишиња се многу штетни, особено за децата.rn
2. Користење на облеката по нејзиното хемиско чистење
rn
rnrnВаквиот вид на третирање на облеката е хемиски процес. При хемиското чистење се користат многу опасни хемикалии, а некои од нив остануваат на ткаенината. При вдишување на овие хемикалии, постои шанса да добиете иритација на респираторните органи и очите, главоболки, вртоглавица и проблеми со видот.rn
3. Се воздржувате од кивање
rn
rnrnНикогаш не треба да се обидувате да го спречите кивањето. Може да дојде до оштетување на слухот од воздухот кој преку кивањето доаѓа до ушите. Воздржувањето од кивање, исто така, може да предизвика стеснување, па дури и прскање на крвните садови во очите, носот и ушите.rn
4. Користење парфеми кои се полни со хемикалии
rn
rnrnМногу парфеми се полни со токсични состојки што компаниите ги чуваат во тајност. Овие состојки потекнуваат од нафта и може да предизвикаат респираторни и хормонски проблеми, гадење и повраќање. Во најлош случај, луѓето може да настрадаат од труење со парфеми или развој на карцином.rn
5. Притискање мозолчиња
rn
rnrnПритискањето на мозолчињата може да ја влоши нивната состојба, па дури да предизвика и лузни, па затоа не е баш корисно. Има област на лицето позната како „триаголник на смртта“ што има директна врска со мозокот и ако предизвикате инфекција на тоа место, обидувајќи се да ги пукнете мозолчињата, тоа може лесно да стигне до нервниот систем и да предизвика компликации со видот, парализа, менингитис и во најлош случај, смрт. Ако некогаш имате потреба да притиснете некое мозолче, пренасочете го вашето внимание на нешто друго и потребата ќе исчезне.rn
6. Користење на козметика со синтетички компоненти
rn
rnrnВажно е да знаете дали шминката која ја користите содржи вештачки компоненти кои може да бидат многу штетни за вас. Овие компоненти можат да се акумулираат во вашето тело и да предизвикаат иритација на кожата, па дури и карцином.rn
7. Не ја менувате перницата
rn
rnrnСекоја вечер додека спиете, перницата ги апсорбира мртвите клетки од вашата кожа и коса. Со тоа, во неа може да се развијат прашински грини, кои може да предизвикаат навистина лоши алергии.rn
8. Отстранување на влакната од носот
rn
rnrnОтстранувањето на влакната од носот може да предизвика иритација и воспаление на кожата. Ако ги отстраните влакната, ќе го направите и вашиот имунолошки систем послаб, а тоа може да доведе до менингитис и други инфекции на мозокот.rn
9. Се храните со претходно спакувани оброци
rn
rnrnПретходно спакуваната храна има многу помала хранлива вредност од свежата храна. Голем дел од овие производи се канцерогени, бидејќи се готват на високи температури. Овие оброци, исто така, често содржат супстанции што може да го зголемат ризикот од дијабетес.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и 10-те „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат.
