Според едно истражување од Данска, психолошката зрелост на постарите мајки има позитивно влијание врз развојот на децата.rnrn
rnrnИстражувањето исто така покажало и дека постои помала веројатност постарата мајка да го казни своето дете за време на воспитувањето и дека овие деца, на возраст од 7 до 11 години, имаат помалку социјални и емоционални тешкотии.rnrnИстражувачите го проучувале односот на 4.714 мајки и нивните деца, а резултатите покажале дека предностите од постарата мајка се видливи до адолесценцијата. Децата на постарите мајки биле и вербално и социјално поспособни за разлика од нивните врсници со помлада мајка. На ова не влијаел социјалниот статус, образованието и другите слични фактори.rn
„Знаеме дека луѓето стануваат ментално пофлексибилни со текот на времето и се потолерантни кон другите и се емоционално позрели. Овој начин на воспитување може да има позитивно влијание на психосоцијалната околина на детето“, изјавил авторот на истражувањето, Дион Сомер.
rnРезултатите покажале и дека постарите жени подобро напредуваат на почетокот од мајчинството, бидејќи се помалку загрижени и имаат попозитивен став за родителството и децата.rnrnИако во истражувањето не е наведена точната возрасна граница за постарите мајки, сличните истражувања ги дефинирале како жени постари од 35 години.rnrnПогледнете и што треба да знаете за бременотста по 40-тата година од животот.
