КАФЕ ПАУЗА

9 начини како да им помогнете на вашите пријатели да ја надминат кризата низ којашто минуваат

9 начини како да им помогнете на вашите пријатели да ја надминат кризата низ којашто минуваат

Навистина е тешко да знаете што точно да направите кога вашите пријатели минуваат низ криза. Без разлика дали се справуваат со раскинување, со смрт на член од семејство, имаат здравствен проблем или нешто друго, вие ќе сакате да им дадете колку што е можно поголема поддршка. Но, нема секогаш да знаете како да ги изберете вистинските зборови. Понекогаш, кога се обидувате да помогнете, може само да ја влошите ситуацијата.rnrn9 начини како да им помогнете на вашите пријатели да ја надминат кризата низ којашто минуваатrnrnЛуѓето може да се изолираат за време на тешките периоди од својот живот или да се справат со ситуацијата поинаку отколку што сте предвидувале, што дополнително го отежнува проблемот. Овие неколку работи треба да ги имате предвид кога им помагате на пријателите што минуваат низ тешки времиња.rn

1. Понудете им да се дружите

rnАко не знаете што да направите или што да кажете, започнете со дружење. Многу луѓе не одвојуваат време за да бидат заедно, дури и ако станува збор само за миење садови, за прошетка или за седење на софата и разговарање.rnrnТоа е многу едноставно, но сепак толку ефикасно. Обрнете им внимание на вашите пријатели и тие ќе се чувствуваат ценети, сакани и згрижени.rn

2. Бидете присутни и слушајте

rnКога некој што го сакате минува низ болка и тага, чувствувате притисок дека мора да кажете нешто за личноста да се чувствува подобро. Но, честопати е најдобро само да слушате и да ѝ дозволите на личноста да се изрази.rnrnВашите пријатели треба да знаат дека вие можете да ги толерирате нив и нивната болка и дека постои некој што ги разбира низ што минуваат.rn

3. Чувајте ги советите за подоцна

rnОдолејте му на поривот да понудите совети или да најдете решение за нивните проблеми, освен ако тие не го побараат тоа од вас.rnrnСлушајте ги вашите пријатели внимателно и без осудување. Можеби навистина е непријатно да разговарате со луѓе со негативните емоции, но ако понудите решение без тоа да биде побарано од вас, тоа може да изгледа како да ги занемарувате нивните чувства, наместо да им дадете можност да го споделат во вас тоа што ги повредува.rnrnОсвен тоа, за раскинувањето и за смртта не можете да најдете решение . Покажете им на вашите пријатели дека сте тука за да ги сослушате.rn

4. Бидете свесни ги нивните чувства

rnЕден начин да одговорите, без да понудите совет, е да ги потврдите нивните чувства. Ако ви кажат дека се исплашени, обидете се да одговорите со: „Тоа е толку тешко и страшно. Сега разбирам зошто се чувствуваш вака со оглед на тоа што ти се случува. Јас сум тука за да те сослушам.“rnrnИсто така, можете да направите и едно резиме на сè што е кажано до тој момент, а тоа ќе ѝ даде до знаење на личноста дека внимателно ја слушате.rn

5. Избегнувајте употреба на клишеа

rnПостојат многу совети што звучат добро, но всушност не се многу корисни, затоа најдобро е едноставно да кажете: „Не знам што да кажам“. Тоа е многу подобро отколку да речете „Сè ќе биде во ред“.rn

6. Помогнете им во извршувањето на обврските

rnАко вашиот пријател е зафатен со справувањето со кризата, понудете се да му помогнете во извршувањето на секојдневните задачи, а тоа за него ќе биде огромно олеснување.rnrnСредувањето на алиштата или купувањето намирници за вашите пријатели може да ги олесни нивниот стрес и справувањето со проблемите. Исто така, тие ќе бидат свесни колку се грижите за нив.rnrnИспратете им порака и прашајте ги дали им треба нешто или едноставно посетете ги и однесете им неколку основни намирници. Тоа е одличен начин да покажете дека се грижите за нив.rn

7. Прашајте како можете да помогнете

rnАко не сте сигурни како да го поддржите пријателот, прашајте го што би сакал.rnrnМногу често, кога помагаме некому што минува низ криза, се грижиме и го поддржуваме на начин на кој би сакале ние да бидеме згрижени и поддржани“. Но, можеби на вашиот пријател му треба нешто сосема друго.rnrnМожеби вие сакате да плачете, но вашиот пријател можеби сака да биде сам. Ако не се сигурни што им треба на вашите пријатели, најдобро е да не ги присилувате да направат нешто, дури и ако мислите дека тоа би помогнало. Доволно е што сте покрај нив.rn

8. Продолжете да проверувате

rnАко не сте се слушнале со вашиот пријател, побарајте го за да дознаете како е. И продолжете да го правите тоа, дури и подолго отколку што мислите дека е потребно.rnrnНе треба да се плашите да го побарате вашиот пријател и едноставно да го прашате дали сака да разговара. Понекогаш, луѓето чувствуваат потреба да зборуваат за своите чувства со месеци.rnrnНо, не ги присилувајте да зборуваат ако не сакаат. Ако ја притискате личноста, таа можеби ќе се затвори во себе. Ова е едноставно сигнал што покажува дека личноста не е подготвена да разговара. Но, покажете ѝ дека ќе бидете тука кога ќе сака да разговара.rn

9. Поставете отворени прашања

rnДруг начин да дознаете што им треба на вашите пријатели е поставувањето отворени прашања. Ова ќе им создаде простор да споделат како се чувствуваат и да ви кажат што им треба.rnrnИсто така, додека разговарате можете да го користите говорот на телото. На пример, ставете ја раката на рамото на вашиот пријател или на вашата пријателка, прегрнете ги или седнете веднаш до нив.rnrnНема совршен начин како да им помогнете на пријателите што се во криза. Но, можете да покажете колку многу се грижите со тоа што секогаш ќе бидете тука за нив.rnrnПрочитајте зошто мажите се најдобрите пријатели што може да ги имаат жените.