Дали сте за традиционален филипински ручек во ресторан под водопади? Би го искористиле ли зимскиот одмор, наместо на скијање, да заминете на егзотично патување на хациендата „Ескудеро“? Таа се наоѓа во Тјаонг, во областа Лагуна на Филипините, а нејзина најголема атракција е токму ресторанот под водопадите „Лабасин“.rnrn
rnrnОвој необичен ресторан се состои од столчиња и масички од бамбус, поставени на многу мало растојание од водопадот. Посетителите ручаат буквално потопени во вода. rnrn


rnrnПокрај во ресторанот, на хациендата можете да уживате и во набљудување на околу 90 видови локални птици, да се релаксирате на турнеја низ селото, да научите да собирате кокос, да пловите со сплав од бамбус…rnrn




rnrnМожете да најдете еден куп задоволни посетители на хациендата, кои импресиите ги споделиле на интернет. Пишуваат дека ако еднаш ја почувствувате енергијата на ова волшебно место, никогаш нема да посакате да заминете оттаму. Ако и вие одлучите да го посетите, имајте предвид дека температурите на Филипините во овој период од годината изнесуваат околу 27 °C.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
