Сите раскинувања се тешки, но и поучни. Одеднаш целиот ваш живот се менува и вие мора да се прилагодите на моменталната ситуација. Иако раскинувањето понекогаш носи многу позитивни работи, болката што се јавува веднаш по самата разделба знае да биде неподнослива.rnrn
rnrnСпоред едно истражување, луѓето доживуваат 3 болни раскинувања во текот на животот и им требаат околу 6 месеци за да продолжат понатаму и од 12 дена до 1 месец за повторно да се вратат во нормала. Освен тоа, повеќето луѓе си дозволуваат околу 4 дена за да тонат во тага, пред да се соземат и да продолжат со секојдневниот живот. Но, што точно прават луѓето за да го излечат скршеното срце? Прочитајте кои се најпопуларните методи што ги користат младите за да ги преболат саканите…rn
Се обидуваат да најдат утеха на социјалните мрежи
rn„Клин со клин се избива“ велат постарите, па така повеќето луѓе се обидуваат да најдат замена што е можно побрзо. А каде ќе најдете замена за најкратко време ако не на Фејсбук, Инстаграм или Тиндер? Девојките постојано објавуваат фотографии за да привлечат внимание, а момците како луди им пишуваат на сите симпатични припаднички на спротивниот пол. Социјалните мрежи одземаат голем дел од времето и го одвлекуваат вниманието од проблемите, а токму тоа и им треба на луѓето кои поминуваат низ болно раскинување.rn
Ги одбегнуваат социјалните мрежи
rnПостојат луѓе кои одат и во друга крајност и сосема ги одбегнуваат социјалните мрежи затоа што се плашат дека ќе видат нешто што нема да им се допадне. Сепак, на сите млади им требаат околу 5 недели за да престанат да ги „прогонуваат“ поранешните партнери на социјалните мрежи. Некои никогаш не престануваат да ги проверуваат Фејсбук профилите на бившите. Чисто од љубопитност, ништо повеќе.rn
Излегуваат на љубовни состаноци
rnПонекогаш некои Фејсбук разговори преминуваат во љубовни состаноци и тоа е сосема во ред. Многу млади луѓе се обидуваат да забораваат на поранешниот партнер со тоа што постојано излегуваат на љубовни состаноци и си ја задоволуваат потребата од внимание. Сепак, најдобро би било да не го спомнувате бившиот ако сакате да отидете на втор љубовен состанок.rn
Ги фрлаат работите што им припаѓале на бившите
rnРамки со заеднички фотографии, заборавени дуксери и други слични предмети, сето тоа оди во корпата за отпадоци. Ова иако звучи детски и незрело, сепак служи како добар вентил за ослободување од негативните емоции. Освен тоа, ќе ги отстраните сите материјални докази дека некогаш сте биле во врска со личноста која ви го скршила срцето.rn
Одат на прошетка
rnЗа многу повредени млади луѓе, прошетката претставува најдобар лек за скршено срце. Бесцелното шетање и размислување навистина може да помогне. На тој начин ќе имате можност да направите детална анализа на претходната врска и да добиете нов поглед кон работите.rnrn
rn
Се почестуваат себеси
rnРаскинувањето со себе носи голем стрес, а повеќето луѓе решаваат да се ослободат од него на тој начин што одат на масажи, си купуваат нова облека, одат на патувања и излегуваат во луксузни ресторани. Со други зборови, тие си посветуваат време на себе и уживаат во животот.rn
Поминуваат време со семејството
rnПоголемиот дел од луѓето решаваат да поминуваат повеќе време со семејството за да заборават на поранешната љубов. Ова е одлична тактика бидејќи ќе ви помогне да се сетите на луѓето кои ве сакаат и кои секогаш ќе бидат тука за вас.rn
Поминуваат време со пријателите
rnКој друг ќе ве поддржи дека вашиот поранешен партнер е најлошата личност на светот, ако не вашите најдобри пријатели?! Тие ќе ви ја пружат потребната утеха, но и ќе ве потсетат дека треба да се забавувате и да уживате во животот.rn
Гледаат телевизија
rnМногумина повредени го преболуваат раскинувањето со тоа што постојано гледаат телевизија, серии и филмови. Само внимавајте да не налетате на некои романтични комедии кои промовираат вечна и нереалистична љубов.rn
Поминуваат време сами
rnИако можеби сте чуле дека не треба да бидете сами по раскинувањето, токму овој метод е оној што најмногу го практикуваат младите. Многу е важно да се соочите со вашите чувства и да си дозволите да бидете тажни по раскинувањето, но не треба ниту целосно да се изолирате. Дури и да не се чувствувате подготвени да излезете меѓу луѓе, поминувајте време со вашето семејство и најблиски пријатели. Тие ќе ви помогнат да застанете на нозе и ќе ве потсетат дека постојат луѓе кои ве сакаат и кои секогаш ќе бидат тука за вас.rnrnНе постои магично апче кое ќе може да ви помогне веднаш да ја преболите поранешната љубов. Сѐ што можете да направите е да си дадете време и да тагувате онолку колку што ви е потребно. Не заборавајте да се грижите за себе и да соберете сила да продолжите понатаму.rnrnДоколку и вие штотуку сте прекинале со саканиот или саканата, слушнете ги овие топ 20 песни за после раскинување.