Најдобрите спомени се случуваат на одмор, па ако сакате да резервирате патување, овие дестинации треба да ги земете предвид. Според едно истражување во кои биле опфатени 42 дестинации, трошоците за храна, за пијалаци и за другите потреби се најниски во овие туристички места.rn
1. Сончев Брег, Бугарија
rn
rnrnСместен на брегот на Црното Море, Сончев Брег го зазеде првото место на списокот со најевтини дестинации за патување. Местото е познато по својата жива атмосфера и ниските цени, а таму ве очекуваат долги песочни плажи, забавен ноќен живот и живописниот стар дел на градот Несебар.rn
2. Мармарис, Турција
rn
rnrnМармарис е за нијанса поскапа дестинација од Сончев Брег, но ако сакате мирен и тивок одмор изберете го овој турски крајбрежен град каде што ве очекуваат многу историски знаменитости и возбудливи пловења. Освен тоа, по заоѓањето на сонцето ве очекува живописен ноќен живот.rn
3. Токио, Јапонија
rn
rnrnТокио се најде на третото место и поради тоа вреди да направите едно долго патување за да го посетите овој град. Изберете ја јапонската престолнина ако сакате комбинација на современото и на традиционалното. Таму ве очекува контраст од футуристички шопинг и тивки прошетки низ градините.rn
4. Алгарве, Португалија
rn
rnrnНема потреба да се објаснува убавината на Алгарве, доволно е само да ја погледнете фотографијата. Ова живописно португалско крајбрежје е идеално за секаков вид одмор, без разлика дали сакате да посетувате ноќни клубови и барови или сакате да го доживеете амбиентот на локалниот пазар.rn
5. Коста дел Сол, Шпанија
rn
rnrnБеше очекувано Шпанија да се појави на овој список, па еве ја на петтото место. Коста дел Сол е речиси секогаш светло и сончево место. Упатете се кон Марбела ако сте расположени за луксузни искуства или кон Торемолинос ако сте љубители на храна.rn
6. Кејптаун, Јужна Африка
rn
rnrnЈужна Африка изненадувачки се појави на оваа листа. Во Кејптаун ве очекуваат живописни сцени и пејзажи што го одземаат живот, па многу брзо ќе го исполните вашиот албум со фотографии од ова патување. Посетете ја планината со карактеристична форма на маса, а ако сте доволно храбри, резервирајте нуркање во кафез.rn
7. Хои Ан, Виетнам
rn
rnrnХои Ан е идеална дестинација за оние што сакаат да дознаат како изгледа традиционалниот виетнамски живот. Ова место ќе ви понуди мирен шопинг и увид во познатата индустрија за свила, а можете и да пливате во топлите води на Јужнокинеското Море.rn
8. Бали, Индонезија
rn
rnrnВо Бали ве очекуваат неверојатни храмови, искачувања по планини и разгледување мајмуни. Не пропуштајте ја и можноста за нуркање бидејќи островот се наоѓа во разновидниот корален триаголник.rn
9. Прага, Чешка
rn
rnrnСтавете ја Прага на списокот за патувања во текот на следната зима. Позната по своите раздвижени празнични пазари, Прага е идеално зимско чудо. Љубителите на историјата ќе уживаат во средновековниот кварт, полн со улици од калдрма и со импресивна архитектура.rnrnПогледнете каде треба да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак.