Ви се верува ли дека дури и во 21-ви век постојат одредени човечки органи чија функција останала целосно непозната? И покрај големиот медицински напредок, научниците сѐ уште немаат откриено каква е нивната улога во човечкото тело. Веројатно сте чуле за овие делови од телото, но никогаш не ви било јасно за што точно служат. Прочитајте за кои човечки органи станува збор…rn
1. Епифиза
rn
rnrnОваа жлезда го произведува хормонот мелатонин. Тој се лачи само кога е темница, а го регулира телесниот деноноќен ритам. Некои риби, водоземци и рептили имаат париетално (или трето) око наместо епифиза. Тоа перципира различни нивоа на светлосен интензитет, но не може да создаде слики. Има мрежница и леќа, но неговата функција може да се спореди со онаа на човечката епифиза. Имено, тоа исто така го регулира деноноќниот ритам. Постои голема веројатност дека кога езотериците зборувале за третото око мислеле на епифизата. Но, за нас функцијата на епифизата не може ниту да се спореди со онаа на очите.rn
2. Опашна коска
rn
rnrnПовеќето луѓе знаат дека опашната коска е атрофиран човечки орган, но малкумина знаат за нејзините многубројни важни функции. Опашната коска ги држи на вистинското место различните мускули и лигаменти што се потребни за правилното функционирање на цревата и генитоуринарниот систем. Освен тоа, опашната коска игра голема улога во правилното пренесување на физичкото оптоварување кога ќе ја промените положбата на телото.rn
3. Слепо црево
rn
rnrnПостојат одредени видови бактерии кои живеат кај тревопасните животни и им помагаат да ја сварат целулозата. Меѓутоа, кај луѓето ваквите бактерии немаат толкаво значење. Слепото црево е изложено на постојан ризик од воспаление и во тој случај треба веднаш да се отстрани. Слепото црево претставува еден вид „фарма“ на корисни бактерии кои живеат надвор од цревата. Луѓето на кои им било отстрането слепото црево потешко заздравуваат од труење и нивниот имунитет е значително послаб.rn
4. Крајници
rn
rnrnКрајниците се изградени од лимфно ткиво и се сместени на двете страни на мекото непце зад носната празнина и задниот ѕид на грлото, односно во коренот на јазикот. Тие нѐ штитат од бактериите и вирусите што секојдневно ги вдишуваме во големи количини. Понекогаш, ако крајниците останат подолго време воспалени, можат самите да станат извор на инфекции и на тој начин тие нема повеќе да го заштитуваат телото. Во ваквите случаи, докторите најчесто ги отстрануваат. И покрај тоа, имунолошката улога на крајниците не е целосно позната.rnrnПреминете на следната страница за да ги дознаете функциите и на останатите мистериозни органи…rnrn
