КАФЕ ПАУЗА

10 работи кои секоја девојка мора да ги има во својот дом пред 30-тата година

Written by

in

,

Драги дами, се ближи вашиот 30-ти роденден и сфаќате дека е потребно големо уредување на вашиот домашен простор, а потоа и на животот. Затоа подготвивме список на работи кои секоја дама треба да ги има во својот дом пред да наполни 30 години. Па, започнете да читате по ред и собирајте идеи.rnrn0-10-raboti-koi-sekoja-devojka-mora-da-gi-ima-vo-svojot-dom-pred-30-tata-godina-kafepauza.mkrn

1. Удобен кревет и убава постелнина

rnСо оглед на тоа дека поголемиот дел од својот живот, но и некои од најубавите моменти ги поминуваме токму во кревет, нема потреба да нагласуваме зошто тој треба да биде удобен. Креветот треба да го краси убава и квалитетна постелнина, па затоа на овие работи не треба да штедите. Особено затоа што нема да ги купувате секој месец, а сигурно и потенцијалниот партнер ќе го воодушевите со удобноста на креветот и уште поубавата постелнина.rnrnrn

2. Убав и удобен тепих

rnНишто друго нема да му даде топлина и шмек на вашиот простор како што тоа ќе го направи убавиот тепих. Вие ќе уживате во својот избор, бидејќи се ближи вашата 30-та година и очигледно е дека имате многу идеи за тоа како нештата сакате да изгледаат.rn

3. Работен простор

rnБез разлика дали работите од дома или пак не, убаво уреден и инспиративен работен простор ѝ е неопходен на секоја дама. Уредна маса со удобен стол, рамка за слика, цвеќе, компјутер и потребните алатки е нешто за што мора да имате место во својот дом.rnrn3-10-raboti-koi-sekoja-devojka-mora-da-gi-ima-vo-svojot-dom-pred-30-tata-godina-www.kafepauza.mk_rn

4. Ситници и сувенири од патувања

rnДали нешто ќе ви го врати сеќавањето од патувањата во Италија, Грција, Франција, како што тоа ќе го направат малите сувенири на полиците или магнетите на фрижидерот. Без разлика колку години имате, никогаш не е доста од сувенири, а ние ви предлагаме да обезбедите полица за нив и да уживате во спомените.rn

5. Уметничко дело кое го сакате

rnСекако дека не мора да биде скапо, туку сосема е доволно да се вклопува во просторот и да ве прави среќни.rnrnrn

6. Љубовни фотографии

rnНајубавите и најромантичните моменти не е доволно да се чуваат само во телефонот. Исполнете го вашиот простор со најубавите спомени, бидејќи тоа апсолутно нема да излезе од мода.rn

7. Билки

rnБез разлика дали тоа ќе бидат големи собни растенија, мали билки покрај прозорот или цвеќе во дневната соба, зеленилото е неопходно за да му даде живост на просторот.rnrnrn

8. Добар кујнски прибор, садови… и комплет салфети

rnВо моментот кога ќе се одделите од вашите родители, ќе ви биде потребен цел кујнски прибор и тоа квалитетен, бидејќи вие сега сте сериозна девојка и готвачка. Исто така, не е во ред да ѝ дадете на најдобрата другарка или на момчето да се избришат со крпа, доколку сте ги поканиле на вечера во својот дом. Секогаш треба да обезбедите еден комплет убави салфети, бидејќи ситниците ве издаваат.rn

9. Убав комплет чинии

rnДоколку се ближите до триесеттите, а сѐ уште јадете од пластични садови, време е таа навика да се заборави. Романтичната вечера ќе го загуби својот ефект ако едната чинија е црвена, а другата бела.rn

10. Шише шампањ

rnБидејќи ќе имате многу причини и настани за славење и би било добро секогаш да имате едно шише од овој пијалак во вашиот дом.rnrn4-10-raboti-koi-sekoja-devojka-mora-da-gi-ima-vo-svojot-dom-pred-30-tata-godina-www.kafepauza.mk_